Дофрла ли оваа држава до Струга?

Македонскиот јазик и законите се чинат протерани од таблата на конзуларното претставништво на Република Албанија во Струга.

Вучиќу, Ѓиласе!

Колекција од транспаренти од протестите и блокадите кои под студенско водство веќе неколку месеци се случуваат во Србија. Има јаки, има патетични, има и такви кои човек може да ги разбере само ако ги следи локалните цаки. Бидејќи вакви работи капиларно се пренесуваат наоколу по питај бога кои сè канали (и нивната црвена дланка не е баш оригинална), ги молиме овдешните активисти барем да не ги копираат патетичните. Додуша, веќе почнаа.   

Го знаете Миќо Црногорецот?

Митар, Миќо е старка и Црногорец со краток фитил. Неговиот национален идентитет стои во непомирлив контраст со Србите па Миќо за себе ќе каже дека по народност е анти-србин. И нормално, за тоа што најмногу те нервира најмногу ќе те зезаат, па го провоцираат дека е Србин и му дигаат три прсти. А на провокации Миќо одговара со пцовки, плукање, барање пиштол и налог за апсење.