Рибарот од Хвар, Андро Мусе прославил 104-ти роденден. Оние што го познават велат „Ќе го поврзевме со здрав живот и со медитеранска исхрана, ама пошто не вади цигара од уста, го оставаме со титула Татко на #thuglife“.
Бројот на тестирања треба да се зголемува, а не да опаѓа, барем не сега во оваа фаза на епидемијата. Штом намалуваме број на тестови на смешни 150 теста на ден, намалуваме и број на новодетектирани, што не е епидемиологија туку политика.
Зевзекманија дознаваат дека нивниот соговорник од пред десетина дена има внук, па му честитаат и го прашуваат од кого е, од син или од ќерка? Новопечениот дедо има сериозно просветителски одговор.
Викаа Гугл ќе го носат, Фејсбук ќе го носат. Еве како денес изгледа тој економски препород и бум: на пар локални работници им наредиле среде полициски час со брусилици да го стругаат сонцето од Кутлеш/Вергина. Колку да не збори народ дека ништо не работат. Јако, само јако!
На почетокот на март (читател кој редовно вози таму тврди точно на 3-ти) почнало со гребење на стариот и многу оштетен асфалт на патниот правец Скопје- Прилеп, кај клисурата Дреново (пред да започне искачувањето на Плетвар). Два месеца подоцна, таму се вози вака.