Претстојните српски избори како да не се за парламент туку за најглуп политички спот. Сосема заслужено, досега на врвот беа спотовите на Александар Вуќиќ но за утакмицата да биде интересна до крај, со жестока доза баналност се пробива аутсајдерот Попов. Милош Попов.
НАСА постојано ги снима звуците од Сонцето кои се преслаби за човек да може да ги слушне. Но, ако аудио снимка од 40 дена се забрза во неколку секунди, се добива следнава порака:
Се вика Благодушка Марулова (којзнае што трол е тоа). Првата песна што ни ја имаше испратено ја слушнавме и за ваше добро - не ја објавивме, по што Благодушка нè имаше прашано, отвораме цитат ZD NEJE KLADENA PESNMATA, затвораме цитат. Но...
Многу е лесно да извадиш нечија изјава од контекст и после тоа да ја шириш како најнеодговорен кретен по социјални мрежи и да вознемируваш луѓе што можеби немале ни прилика ни капацитет да се информираат повеќе. Фино е да се мисли дека живееме во свет каде што нема потреба од вакво објаснување - ама не е реално. Значи вака: