Дритан се почуди

Дритан Алсела е Албанец кој живее и работи во Дизелдорф и важи за врвен бариста кој со многу знаење и љубов го потврдува она непишано правило дека Албанци имаат фетиш кон кафето. Овојпат на девојка ѝ покажува како ги прави оние срценца и листови во шољата, а таа се прави живо заинтересирана да научи нешто ново. А потоа се фаќа за ѓезвето. 

Стоп на семејното насилство

Истражувања покажуваат дека кога маж ќе ја убие партнерката, после тоа често се решава да се убие и себе. А кога жена ќе го убие мажот, после не се убива и себе. Зошто е тоа така и фер ли е тоа така? Српските мажи порачуваат: доста е, бараме дијалог!

За хистеријата на либералната квази-елита

Узбуна, дефкон левел 1, чиниш двајцата пратеници на Левица со калашникови веќе влегоа во парламент да стрелаат. Истото ова забринуто граџанство го немаше никаде кога нивниот лидер од позиција на најголема моќ во државата порача дека „ќе јаде живи луѓе“ и дека „ќе ебе и шуто и ругато“ и во чие присуство ноншалантно се зборува за „шиптари„ чии „гласови не вредат ни пет пари“.