Екшн Бронсон во Македонија и Косово

Екшн Бронсон ( ве запознававме со него пред шест години во „Го знаете ли Аслани, дебелиот?), заедно со Мејхем и Алхемист одат кај луѓе од фамилијата на Аслани во Косово и Македонија и пробуваат еден тон боговски јадења. Македонија (Чаршија, Турист...) е некаде на седма минута но терајте и понатаму, да го видите чичко му кој тврди дека на Наполеон му нашле компјутерски чип во главата кој му го ставиле вонземјани.

Случки од животот

Пред Кичево на микрофон шоферот информира ”патниците со седишта од број 26 до број 54 во Кичево ќе бидат префрлени во друг автобус”. И така - како компири, кој со маска кој без маска, патниците се префрлија како што вели шоферот “за безбедно да патуваат” . Е така де, до Кичево нема корона...