За државното „бесплатно“

Кога државата вели дека обезбедила нешто бесплатно, тоа е исто како фрижидерот да каже дека чести ручек.

Како Македонија можеше да звучи

Можеше да звучи да си го кажеме ние нашето фабричко и приморидијално „леле“ а тоа да го разберат и други освен нас. Многу поубаво тоа ќе ви го покаже Маика Маковски (1983 година) девојка во чија плетка има македонски и андалузиски конци.

Можеби топчето ни е црешово, ама муниција имаме

„Македонски идентитет 1600-1920“, е збирка на документи од архивите низ светот,  во кои недвосмислено е изразен или дефиниран македонскиот идентитет. Зад извонредно корисната и вредна колекција стои Марко Бојаџиски, наш човек кој живее во Прага. Ќе ви понудиме неколку извадоци а потоа одете лице место и одма букмарк.

Христофор Ѕавела за Каракачанов

„ВМРО, тое Македонија. А ВМРО не е Каракачанов. Ако некој има стадо овци, тој може да оди и да ги пасе. За тоа има и семејна традиција па може да стане прочуен овчар“.