Вакцинирани од осет

За да ја изменаџираш кризата, решаваш од ракав да изјавиш дека сте решиле да не вакцинирате помлади од 60 години со Астра оти, види мајката, Германија и Канада така одлучиле. Оти бре не ги слушавте Данска и другите земји кога суспендираа вакцинирање со Астра за над 65 години туку тврдевте дека сè е ок?!

Блиску сме до врвот?

Можеби вирусот веќе „се напил доволно крв“, бидејќи според морталитетот на милион жители, сметајќи со 1,8 милион жители Македонија би се нашла на третото место во светот, веднаш после Чешка и Унгарија.

НАТО силите влегоа во Србија

Само една година откако воената алијанса доби нова членка, НАТО рукито покажа извонредна подготвеност за мобилизација и интероперабилност, вештини исклесани од долгата агонија од неспособноста на локалниот генералштаб. Во рамките на вежбата „Ваксајнс 2021“ моторизирани македонски единици нагрнаа во соседна Србија, успешно пробивајќи се по ковид линијата Врање- Белград, со мали застои кај граничниот премин.

Темната страна на успехот

Под дејство на халуциногени супстанци, човек не може да претпостави на која тема и околу кој термин на Заев ќе му биде следниот гаф. Еве го овде, да ни прости ЛГБТ заедницата, внесува нов елемент во џендер балансот. Та не е саде Рашковски иноватор.