Стигнавме на „Само вистина“

Чујте ја оваа „дебата“ па ќе ви стане јасно зошто привремено ја преименуваме нашата рубрика „Стигнавме на дното“. Накратко, „дискусијата“ финишира со „поента“ дека Јонуз на Камиловски му нарачува слика која ќе се викала „Брала мома јагоде, а нешто је убоде“. Што??? Е, што де.

Скопска понуда до Бања Лука

Да го земете вие зип-лајнот, поубавата и постара Универзална, повторно блеснатото езеро Треска, заштитеното Водно и сите тунели под Кале во најава, а вие на неколку месеци да ни го позајмите Драшко Станивуковиќ?

Прилог со бомбастичен крај

Една новинарска сторија треба да има глава, тело и опашка а кога се работи за визуелен медиум, фино е за сето тоа да се има и текст и слика. Освен за оние делови од прилогот за кои не мора да се има текст.

Теша нема проблеми со гости за емисија

Гостинот на Теша овојпат е инфлуенсер, јутјубер, жесток дечко од белградскиот асфалт, аматерски глумец, ракометар, портир, страсен пушач, возач од Ц категорија, каратист, дипломиран филолог, филателист, ИТ експерт и шеќераш. Само да знаете, ако некој ве види како го гледате видеово, тешко дека ќе му објасните зошто.