Жената на рибарот

Сопруга на пасиониран риболовец го снима својот маж и го коментира неговиот бестрашен обид да најде подобра пол позиција во надојдената река. Започнува со едно саркастично „ма браво“, завршува со едно сочно „сунце ти јебем!“

Имуномен

За да го засили нивото на вакцинација, Србија реши да дава пари, односно вредносни ваучери за оние кои ќе решат да се вакцинираат. За познавачите на човечките менталитети, беше само прашање на ден кога ќе се појави некој ваков.

Ни северна не ѝ помага на Македонија

Зборуваат за нас, за Македонија. Водителката инсистира  овие пратеници и гости во емисијата да ја именуваат земјата за која зборуваат, ама, ќе чуете и сами колку пати се спомнува било каква Македонија. Николку, согласно стратегијата на владата на Мицотакис, наместо Скопје, сега да не нарекуваат „соседната земја.“ Пресреќни сме, нели, баш ни се патуфка накај Паралија....

3 X 35 = 105 тајмс ли ќе се лажеме дека сме на прагот?

Настрана неговиот трти- прти англиски, пазете колку всушност му е јасно дека никогаш нема да влеземе таму и колку му е битно само да добиеме некаков датум, за да има тој со што да излегува на избори.

Кога расположението ќе стивне

Се чини дека на ова кафанско друштво во мешан, машко-женски состав, никој и ништо не може да им го расипе расположението, сè додека не влегува таа, за со својот сугестивен молк убедливо не завладее со просторот. Од промената кај најраположениот (му отиде држењето ритам во фејд-аут), јасно ви е во каква релација се тие двајца. Толку јака сцена, што неколкупати ја гледавме и во ВАР.