Во спомен на Шева, сонцето наше драго

После сè што сме изгледале (а сме изгледале многу), без грам дилема носиме заклучок дека емисијата на Жељко Малнар „Ноќна Мора“ беше најдрагоцениот тв проект кој се случил на пошироките наши простори.

Овие па, зелениве па...

Тоа дека ДУИ станаа зелени е веројатно најбурлескниот ребрендинг што го имаме видено во сите овие блесави години на политички маскаради и карневали, рамен на идејата Металика некој ден да се пријават на Гоце фест. И пошто се тазе зелени, прават зелени.

Најголемото друштво кое денес ќе го видите

Македонија можеби кубури со луѓе ама со свињи нема проблем. На планински пат (од Крушево за Алдинци) не е необично да видиш диви свињи, ама да се 2, 5, 10, 20... Ама овие, по нашиот интерен попис (со стопирање видео), ги меѓу 90 и 100! Да ни дојдат во Скопје има да нè изедат.

Море сокол пие, од Вардар до Индија

Сцена од „Бродот на Тезеј“, индиски филм од 2012 година кој на фестивалот во Торонто беше оценет како скриен филмски бисер на таа година. Море сокол пие, на домашна забава, во дует.

Милан Тарот разбива магија како јајце

Некој грев од Бугојно му се јавува на Милан Тарот, најголемиот балкански трол на овие простори и драгоцен потсетник со кого ние сè живееме на овие простори. Да му разбиел магија. Чарето е шест пати да повтори „Јас сум Тарзан, господар на џунглата“а после две живи јајца да си ги скрши од глава. Што бе не?