Излези, мала

Неколку распеани српски бекрии кои не се оперирани од романтика. Излегле со хармоника и на малата и ја пеат познатата швалерска песна (тема на која пееја и Лет3). Нека дознае и таа и светот за нивната љубов. Спојлер: малата излегува.

Македонската „Don't Look Up“

Нетфликс го има „Don't Look Up“ со Kаприо и Лоренс, Тумба фест ја има „Ќе одиш на блок“ со Атанаска Иванова, стокмена во црвено -златна комбинација. Двете дела се сатира и пародизирање на модерниот начин на живот, само што, нашево е каде-каде подражесно.  Прецизно дијагностицирање, прашања на место (дали има некое машко живо нормално?) и разумни одговори (сè идиоти). Атанаска, Жижеку наш!

Лиде Лиде, прекини прекини

Новогодишна а јако тужна песна на најпознатата сталкерка од Македонија чиј предмет на обожување во меѓувреме беше стоково разменет од прекупецот ЗЗ. Ај што Лиде Лиде нема гајле гајле да пее вакви песни песни (а тоа го прави како истовремено да јаде тост), ама тој што ги пишувал овие „трето б“ стихови, е тој е правиот злосторник. Џака, спиеш ли мирно?