Бугарскиот „Сноупирсер“

Ја знаете онаа евергрин идеја дека Македонија и Бугарија железнички ќе се поврзуваат. Нема две земји кои се покомпатибилни за еден ваков проект. Нашине возови не знаеме кај се, а не па кога ќе стигнат. А нивните? Повелете на пар минути во возот Варна- Софија.

„Се гледаме“ како новата „Не дај се, Инес“

Ако ве гаѓа таа емоција кога Раде Шербеџија ги рецитира славните стихови на Арсен Дедиќ, тогаш ќе ве гаѓа и ова. До некое време. После работите стануваат поконкретни и поопипливи од романтизираното сеќавање на девојката од младоста. Ми се плаче, ми се лае.

Послушајте патриоти, преспанци и нобеловци

Сведоштво на Македонец кој во грчка војска бил учен да ги мрази Македонците. „На мајка ми и татко ми им беше страв да ми кажат кои сме. Кога се вратив дома и почнав да пејам песни за грчки херои, им падна многу тешко... после дознав кој сум и кои сме.“

Зошто политичари не умираат од корона?

Краткиот одговор е дека и короната сака на чисто. Подолгиот одговор го елаборира врвниот босански глумец Јосип Пејаковиќ. А Вистиномер, наместо сега да ни се фатат за насловот па да даваат примери на политичари кои сепак настрадале од ковид, нека засукат ракави и нека го проверат она тврдењето со говното.

Крајот пресот го краси

Човек од партијата на Вучиќ држи прес - конференција. Додека зборува, шара со погледот лево и десно, за сите присутни да имаат чувство дека ним им се обраќа. Прашува и дали има прашања за крај. Нема. Тој станува, камерманот одзумира.