Стојанче, воин со цивилно срце

Откако бутна режим и го ослободи неговиот медиумски бастион МТВ кој денеска е симбол на слободното и бескомпромино новинарство, немирниот дух на генералот Стојанче најде нова битка за биење. Иако со двете нозе е на копно, на нишан на Стојанче овојпат е еден остров. Да го слушнеме описот на овој незгоден непријател кој може да се освои само - ако се искосиш.

Дали ми се допаѓам?

Ја памтите онаа катастрофално погрешна реклама која е демек на македонски ама ја чита некој јабанџија кој абер нема за акценти? Е па, еден наш зналац решил да се спрда со неа и направил целосно нова верзија, која испаднала тотално добар мешап. Прастари мк реклами и вајб на The Disposable Heroes of Hiphoprisy, што, патем, сам го има отсвирено. Јако нè радуат вакви ствари.

Млад, збунет, нормален

Анкета на некоја црногорска телевизија за тоа што мислат луѓето за новиот мандатар Миодраг Лекиќ. За среќа, наидуваат на млад човек. За уште повеќе среќа, се работи за млад човек кој студира политички науки, трета година. А после доаѓа удар на искреност.

Лаки го пее менито

Да беше роден во Франција, може ќе пееше за „биф бургињон“ или „киш лорен“. За среќа, Драгољуб Ристиќ Лаки е роден во Лесковац па му се падна полесно. Чевапчичи, уштипчичи. Стварно, оди ти опеј „карамелизирано суфле со чиа и фламбиран сос од редукција на цвекло.“