Ендрју Шулц, свака ти дала

Најбараниот стендап комичар во 2022 година му држи мала географска лекција на Јутјуберот МистерБист кој се одушевил од Александар Македонски ама не му е најјасно од каде е. „Италија?“ - „Не, Македонија“ - му објаснува Шулц - “која е посебна држава и не е дел од Грција“. Па ќе закуца: „Замислете, најпознатиот Грк воопшто не е Грк!“ 

Се продава куче, раса бугарски задушничар

На погреби се фаќа за душа наместо вас, се дига на две нозе, пали свеќа, обиколува слави, јаде месо сосе коски, се поздравува со газдата.... Додуша, цената му е малку висока, 1.200 евра. Овде бугарски кучиња за многу помалку пари се набавуваат, ама, тоа е друга приказна.

Стојанче, воин со цивилно срце

Откако бутна режим и го ослободи неговиот медиумски бастион МТВ кој денеска е симбол на слободното и бескомпромино новинарство, немирниот дух на генералот Стојанче најде нова битка за биење. Иако со двете нозе е на копно, на нишан на Стојанче овојпат е еден остров. Да го слушнеме описот на овој незгоден непријател кој може да се освои само - ако се искосиш.