Дали ми се допаѓам?

Ја памтите онаа катастрофално погрешна реклама која е демек на македонски ама ја чита некој јабанџија кој абер нема за акценти? Е па, еден наш зналац решил да се спрда со неа и направил целосно нова верзија, која испаднала тотално добар мешап. Прастари мк реклами и вајб на The Disposable Heroes of Hiphoprisy, што, патем, сам го има отсвирено. Јако нè радуат вакви ствари.

Млад, збунет, нормален

Анкета на некоја црногорска телевизија за тоа што мислат луѓето за новиот мандатар Миодраг Лекиќ. За среќа, наидуваат на млад човек. За уште повеќе среќа, се работи за млад човек кој студира политички науки, трета година. А после доаѓа удар на искреност.

Лаки го пее менито

Да беше роден во Франција, може ќе пееше за „биф бургињон“ или „киш лорен“. За среќа, Драгољуб Ристиќ Лаки е роден во Лесковац па му се падна полесно. Чевапчичи, уштипчичи. Стварно, оди ти опеј „карамелизирано суфле со чиа и фламбиран сос од редукција на цвекло.“

За Шутка, кратко и јасно

Најпрецизната дефиниција за животот во Шутка, зипувана на ниво на мудриот Емил Сиоран. Од оваа реченица одма се прави графит. Спрејови во раце и праќајте фотографија.

Детето и нашиот

Ви предлагаме видеото прво да го одгледате без звук за да видите колку луцидна а ефикасна идеја е тоа, а потоа да пуштете звук и уште еднаш да се уверите дека не постои добра идеја од која наш човек не може да се изнервира.