Девојката со емотивна блокада

Помладата ѝ се доверува на поискусната дека сака да ги среди работите сама со себе и ѝ се пожалува дека притоа наидува на емотивна блокада во себе. За да претпоставите за каква поточно „емотивна блокада“ се работи, треба да знаете дека се работи за учеснички во српското реално шоу „Задруга“.  

Бугарски Трамписти

Васко Жабата да се тргне малку настрана, од Бугарија ни стигнува нов ушобол. И овој е Васко ама не е Жабата туку Далаверата. Со верна дружина Трамписти од европска Бугарија, Васко Далаверата ќе ни изведе нумера, сељачка, да посељачка не може да биде. Па другарот Трамп сам нека суди кои му се стратешки пријатели: досетливите велешани или овие?     

Што ли готви Јосипа Лисац?

Дури и откако лично ќе одговори што дома готви Јосипа Лисац (особено лично), тоа прашање останува мистерија. Знаеме само дека не е сарма, и дека се нешта со многу „ш“. Чујте го вие тоа мјаукање нејзино.

Читање наспроти клипови

Игор Радев е редок и драгоцен минерал во јаловината на македонската интелектуална сцена. Извонредна ерудиција облагородена со отворен ум, здрав разум, педантна мисла и интелектуална храброст. Од негово скорешно ТВ гостување, го одвојуваме делот зошто денешните генерации се најподложни за манипулација. Имаме клип :) 

Емпатија на денот

Коментар под нашиот Фејсбук пост за „Тачизми - речник на речиси постоечки зборови“

Ние сме Македонци

Искрено, и пресмешно и преглупо ни звучи ние да ставиме еден ваков наслов пошто нормално дека сме Македонци и кој вика поинаку, може да го дува. Меѓутоа, истото тоа (“Ние сме Македонци и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза“) го има кажано и еден поет роден 1909 година, во Пиринска Македонија. Се викал Никола Јонков Вапцаров.

Господ ли им ги плаќа сметките за струја на МПЦ?

Среде сеопшта енергетска криза, кога Владата советува да се плакнеме кратко (небањати ли ќе одиме во ЕУ?), црквата на Илинденска е осветлена како да е на забар. А Господ и онака гледа сè, чуму му се онолкави рефлектори?