Усул малку

Може ли малку тишина бре? За фамилиите на загинатите. Останатите нека покажат сочувство со оние сега навистина кои жалат до небо. И доволно е. Боро како пријател на спортот, љубител на животните, другар на растенијата, визионер, неимар, темелник... Дојдовме дотаму што воспитан човек денес и да сака да проговори, нема да го направи тоа само за да не се најде во исто друштво со сиот шљам кој деновиве изби на површина.

Постои и задоволен Босанец

На прашањето како е задоволен од животот, човекот како од пушка одговара: Презадоволен! А потоа додава дека во моментов, нема подобра држава од Босна, и за живот и за работа и за ќеифи. Постои само еден гео-детал кој треба да се знае за приказната да биде комплетна.

Седете Цивил, не е ова за вас

Во фото финиш на процесот во Лондон од кој зависи дали Асанж ќе биде екстрадиран и ќе скапе во американски затвор, Едвард Сноуден го упати следниов апел “До секој политичар и новинар (ви рековме?): Не можете да го спасите Навални. Но Асанж сè уште можете. Ако молчите сега, кога можете да влијаете на исходот, никогаш не ви било до принципи, само сте се надевале на аплаузи“.