Така советуваше Жељко Малнар

Освен по неповторливите карактери, Ноќна мора (најдобриот ТВ производ во екс Ју во последните три децении) беше уникатна и заради односот кон гледачите. Без фолирање; вие мавате, ние маваме. „Да, ние сме морони, алкоси и лузери, ама што сте вие кои нè гледате во ниедно време?“ знаеше да им плесне Жељко Малнар. Или да даде ваков совет на дилемата Should I Stay or Should I Go?  

Најискрената брачна двојка на светот

Босански маж и жена, на стари години. Прво бабата ја прашуваат: Повторно да се родиш, дали повторно него би го избрала? Потоа истото прашање следува и за дедото. И двајцата одговараат апсолутно исто. Е, не, ќе се лажат после толку години поминати заедно.

Баравме да се јави рецепционерот? Се јави рецепционерот

Вчера објавивме видео од странци кои престојувале во хотелот на бродот на Вардар па меѓу добрите работи, тврдеа дека имало и лоша, тоа што на рецепција пробале да им наплатат екстра седум евра. Еве ја сега и другата страна на приказната, од прозваниот рецепционер (кој испадна рецепционерка). Најјако ни е што во едно нешто, таа се сложува со гостите.