Хрватска ќе има нов систем на наплата на патарини

Наместо чмаење на Лучко и други патарини, Хрватска планира да го замени системот „stop& go“ со наплата „во од“, преку ENC или камери, после пријавување на регистрацијата и покажување картичка за да ја снимат. Системот ќе биде имплементиран на сите 1.431 км. автопатишта, ќе има 140 ленти за брза регистрација и 208 наплатни точки. За 80 милиони евра, почнува во 2006-та година. Ние, како?

Македонското во топонимите

Денес низ цела Албанија сѐ уште опстојуваат повеќе од 500 македонски (словенски) топоними, што е потврда дека тие места во минатото биле населени со македонско население. Голем број од овие топоними, со иста или слична форма се среќаваат и на територијата на Македонија.

 

Кога фалбаџиството ќе те стигне

Паф Деди, Пи Диди, Шон Комбс... како сакате кажете го, има дебело засрано штом му одбија кауција од 50 милиони долари за обвинувањата за сексуално насилство, подведување женски, малтретирање.... Во рациите му најдоа снимки, оружје, илјадници шишенца лубриканти... Многу испаничени познати фаци сега гледаат да исперат раце од него, пошто биле на некои од неговите луди секс журки. Ама па интернет е...      

„Убиј ги прво децата“ (официјален трејлер)

После Сараевскиот филмски фестивал каде што помина одлично, филмот „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец доаѓа дома, во Синеплекс и на „Еден е Манаки“. Шармантен, младалачки, скопски, шизички, љубовен... филм кој прво ќе ви ја убие досадата (ако ја убиете прво мрзата и отидете да го погледнете). Урбана тема, гај ричиевски ритам, супер музика, одличен микс од професионални глумци и натуршчици, реплики за памтење. Ќе ве освежи.