Сте за мала прошетка низ МВР?

Фрапантна е таа запуштеност на институциите во кои (мораме да) одиме, само што имаме огуглано па ни е нормално. Ај ние, ама на оние внатре, како им се работи бе во ваква Нџамена? Оваа институција ја раководи еден од оние кои се спремни да те тупат со Европа додека не те натераат да се иселиш од овде. И за ова ли им ги врзува рацете ветото и уставните измени?  

Не е лесно да си ѝ татко на Тара

Тара Ристиќ на ТикТок има 650.000 следбеници. Нејзината ведрина главно се храни од ребрачење на  татко ѝ. Како ќерка е кретен а нејзиниот татко, иако темпераментен човек, крепи ко вол. Таа му ги прави најглупите пренкови а овој немоќен, освен да ја пцуе (нема што ѝ нема кажано) и одвреме навреме да му текне дека ќе побара судска забрана за приоѓање.