Млади, со здравје да ни го враќате долгот

Линеарното зголемување на пензиите ќе ни натовари нови 4 милијарди евра долг во следните 10 години. Тоа е цената што ќе ја плаќаат идните генерации за остварување на предизборното ветување и доаѓањето на власт. Наместо да плачат што ги заглавиле своите наследници, уште и се радуваат.

Брак се чита меѓу редови

Жената разумно го сумира нивниот долг заеднички живот, имало тешки моменти кои требало заедно да се пребродат, имало и убави моменти а најважно од сè, вика, е кога меѓу двајца има разбирање и почит. Но, сликата за нивниот брак станува 3Д дури откако таа ќе заврши па ќе му рече и тој да каже нешто.

Из ит а чудо, из ит а природен феномен?

„Чудо или природен феномен?“ загадочно скокотка насловот на овој штипски ТВ прилог за нешто што се појавило на пресечено дрво. Што тоа? Куче! Досега стандардно се појавуваше сонцето од Вергина (дека сме прастари), ликот на Тоше (дека е ангел) или Богородица (дека жени секогаш биле по селфи). Ова со кучево или е знак дека (не) сме село без кучиња или пак потсетување дека куче што лае - не каса.    

НВО мистерии

„Цивилна операторка заинтересирана за.... слободно време“?

Живот близу Бога

Кочани. Храмот ,,Свети Ѓорѓи” во Кочани е на само 250 метри од овде. Ама ако, нека има.