Из ит а чудо, из ит а природен феномен?

„Чудо или природен феномен?“ загадочно скокотка насловот на овој штипски ТВ прилог за нешто што се појавило на пресечено дрво. Што тоа? Куче! Досега стандардно се појавуваше сонцето од Вергина (дека сме прастари), ликот на Тоше (дека е ангел) или Богородица (дека жени секогаш биле по селфи). Ова со кучево или е знак дека (не) сме село без кучиња или пак потсетување дека куче што лае - не каса.    

*********

Штип секогаш давал јаки ТВ прилози:

Ѓаволот за Велигден бил во Штип

Ху, баба, ху!

16 октомври 2024 - 11:42