Луд, збунет, Бугарин

Го прашуваат која му е омилена бугарска песна па потоа и да ја испеел. Како прво, да те застане некој на улица за да му пееш а тој да те снима, треба да го штипнеш идиотот за обравче и да го прашаш: „Кога те пуштија тебе надвор?“. Второ, збунетиов бира песна од ВМРО, па ја пее Јовано, Јованке па на крај вика тоа е бугарска песна. Значи, а зине, греши.

130 семејни рецепти во „Вкусот на Македонија“

Откако не успеала да најде книга со македонски рецепти каква што барала (на англиски јазик) за подарок, Деспина Кларк решила да го направи она што малкумина би се покренале да го направат - напишала своја книга која се претворила во упатсво како да се јаде како Македонец. Ја има на Амазон и ако Деспина тогаш имала проблем со подарок, вие сега немате. На пример, за новогодишен.

Коста Бургов е еден, календари можат да бидат и два

Лани пишавме: „Малку работи на овој хаотичен свет се стабилни и предвидливи. Гравитацијата, Халелевата комета, фактот дека сè посрање и посрање ни станува Македонија и календарот на Коста Бургов“. Овојпат ќе пишеме само дека за 2024 добиваме дупла доза од добриот човек Коста. Едниот календар е јуниор варијанта, јер кое девојче не би сакало да има свое локално Барбиче со ликот на Коста Бургов на нејзиниот фустан?

Косовише цуштенде

Книга која во Германија (конкретно Франфурт) ја делат на деца на дојденци, за да научат некоја песничка и на јазикот на нивните родители. Македонскиот го нема никаде (пошто бетониран) ама затоа има занимливи гео-политички новитети.

Шопинг беснеење за сиромашни (и скржави)

Да не беше интернетот, вакви дијаболи ќе ги познаваа само нивните пациентки (нагалено ги викаат клиентки). Еве го штосот: во паричник ставаш новчаница од 50 или 100 евра и почнуваш ЕНЕРГЕТСКИ да ја трошиш. Отвораш, не ја пипаш парата, ама, со цела ФИЗИОЛОГИЈА замислуваш дека ја трошиш. И тоа бар 20 пати на ден, што значи имаш простор „да потрошиш“ 2.000 евра на ден. Кој ти дава бе!    

Црвената линија е премината

Сега и трезните ќе нè отекуваат со песната „Sinoc sam pola kafane popio“?