Демек кого на Косово ќе го изгорат, и на Македонија ќе треба да дува?

Најновата глупост на забавниот Совет за етика на медиумите не е во бирократска методологија по која работат, ниту во суштината на нивните вредносни проценки и медиумски пресуди. Ви текнува она кога не те бива за тоа што ти е работа па почнуваш да работиш и нешто што не ти е работа? Е, тоа.

Време е Македонците да послушаат еден Германец

Дечкото две години е овде кај нас, јасно е дека ја сака и земјата и луѓето но има една забелешка која му е на место: Македонците се многу пољубезни кон странци отколку меѓу себе. Факат. Би можеле да мозгаме зошто е тоа така но и не мора. Доволно е да се научи лекцијата: третирајте се барем како странци, многу пољубезна атмосфера ќе се направи. Сообраќајот башка. Што е таа нервоза, што е тоа брзање, милионите ли ќе ви пропаднат?