Разно

Дојран има (к)рап

Езерото надојде, патека направија, против комарци прскаат... Сепак, досега како нешто да недостасуваше во целиот тој дојрански ривајвл. Но, еве сега го имаме и Самри и мозаикот е комплетен.

Го памтите ли Јоже Лесничар?

Решивме да тропнеме на вратата на заборавените веб асови и налетавме на нашиот стар јунак Јоже Лесничар. Кога првпат го промовиравме него и неговиот тогашен хит "Нoстрадамус, тоа е", напишавме "Вистина или не, човек од 30 години може да размислува како дете од 5-то одделение. Тоа е." Мислите нешто се сменило?

Кoга кумановец ќе удри коментар

Мешани чувства имаме за ова. Од една страна коментарот е крајно луд и забавен. Од друга: Абре кумановац, тука ли најде да се заебаваш со охриѓани?

Документарец за Фифи

"Би се викал Барбара" е краток документарен филм за Филип Јаневски Фифи, 22 годишното момче од предградие на Скопје и неговите две најголеми желби: да стане девојка и позната пеачка. А има вродени предиспозиции за двете. Со среќа Фифи и ич да не ти чуе. Само една молба од овде, кога ќе ја оствариш првата желба, немој да стануваш една од оние досадните кои викаат: Леле, вие мажите сите сте исти.

Ах, таа чудесно исчашена Македонија

Одиме да видиме дел од сајтот на еден мобилен оператор од Македонија. Не од нивниот департмент за IT, не за делот на техничка подршка, за продажни места или некоја слична стандардна услуга која ја нудат мобилни оператори во светот. Овој мобилен оператор има веб департмент за историја.

Стварно бе луѓе, Калето?

Дечко и девојка решаваат да ја прошетаат цела Европа па прават кратки видео репортажи. Видеата им се доста површни и незанимливи: ќе отидат до пазар, ќе каснат нешто локално и ќе заклучат дека таа и таа земја има богата историја. Но, еве ги и во Скопје и имаат една добра поента за скопското Кале:

Нафта, вода, што?

Читател беше доволно љубезен да ни го прати клипов и да ни открие дека се случува пред зграда во Аеродром, ама не и доволно љубезен да ни открие втф е овој сизифовски ритуал.

Со "рап" до Груевски

Дечкото верува дека "раперски збор премиерски врати отвора." Не мора да ви кажуваме ништо посебно, сè си има во песната, како да е молба: име и презиме, адреса на живеење, кратка биографија, опис на проблемот... Искрено навиваме да најде нормална работа, оти ако продолжи да прави ваква музика, маф ни е работата.

Го знаете ли Ице?

Има еден лабав хип-хоп ритам ама на Ице не му е важно да рапува. Ице само сака да се изнавика. Песната се слуша до крај само за да се види дали гласот ќе му рикне од толку викање. Спојлер: Нееееее!!

Скопјанец и дечко на денот

Скопје, навечер. Некои излезени по љубов, дружба или алкохол. Некои останале дома. Гледаат тв или на твитер мрчат што нема Макфест бидејќи планирале да мрчат колку не чини Макфест. Некои се караат со блиските, некои се сакаат со далечните. Еден од сите тие купишта скопјани го имаме на камера.

Коста Петров - Град на порази

Го знаете ли чувството кога 5 пати ќе одгледате нешто а пак не знаете како тоа да им го раскажете на другите? Погледнете сами; ние само утврдивме дека овој Коста е јак ама дека таа црната им е најјака. Трупови сме ви ние за уметност.