Разно

Човек и пустина

Има дечки кои нит ги знаеме нит ги познаваме ама со задоволство ги поддржуваме. Затоа што има за што да се подржат, а има за што да се поддржат затоа што се одважиле да не живеат во бермудскиот триаголник на македонските животи: кладилница- фејсбук - афери. После Farewell и Dog of War, Пеце Здравсковски има ново филмче, на кое добро му оди на едно меѓународно одмерување, а нема да му дојде лошо и ако го подбутнете. 

Охриѓани на платно

Кој рече дека на охриѓани им имат снемано адреналин?

Кога Сидран сонуваше на македонски

Приказната вели дека култниот босанскохерцеговски писател, поет и драматург, Абдулах Сидран (најпознат по сценаријата за Кустурица; Доли Бел и Татко на службен пат), една ноќ сонил песна на македонски јазик, јазик кој не го познава.

Имате селфи со Вале Голубица?

Северен Фиром, 2024 година. Медиумскиот могул Вале Голубица во чија брзорастечка телевизија се пресели новинарскиот крем од некогашната 1ТВ, на гала вечерта во нејзина чест ги поздрави присутните членови на владата и високите државни функционери, бизнис елитата и естрадниот џет сет. Што бе дечки, не ви е смешно?

Македонија останува на младите

Ах кога ќе се сетиме какви млади ни заминаа од овде. И дупло ах, кога ќе видиме кој од нив останува.

Како го замразив социјализмот и не успеав да го засакам капитализмот

Беа тоа времиња кога полесно беше да отепаш бафало во Канада, отколку да фатиш женска во Скопје....

Патешествието на „Кажи зошто ме остави“

По Миљенко Јерговиќ, постојат три верзии на песната кои треба да се слушнат: грчката, македонската и онаа на Џими Станиќ.

Десетка со кромид

Во 2010, кога почнувавме со МакеДокс, често добивавме коментари, и тоа од луѓе блиски нам и до фелата кои сумирано би можеле да се парафразираат некако вака - ќе пуштате филмови за бели мечки и лавови во Куршумли? Зошто?

Дечки, не во секој Луи Витон

Некој влегол во продавница на чанти, наидува на слвната марка па излуден од оние силни пари кои деновиве ја дрмаат целата власт, решил да си ја проба среќата, мислејќи „Луи Витон си е Луи Витон“. Ако наидете на некој од оние новинари кои му правеа велелепни интервјуа на Боки, не пробувајте да ги штипнете за образ, пошто ист ѓавол.

Традицијата на размена на азиланти со Унгарија

По неуспешната револуција против Советите во 1956-та година, многу политички бегалци од Унгарија наоѓаат засолниште во Југославија која ги распоредува во разни краеви од земјата. Некои од нив завршуваат во Крушево. Крушево денес ги памти по убаво. 

Егеј до Бриони

„Ој, јаворе“ е една од најубавите македонски песни од Егејска Македонија. На бреговите на омилениот остров на Тито, ја пее Шреја. 

Живи, живи, дух преспански

Точно е дека се пониживме како ретко кој оставајќи ги Заев, Димитров и 80-те пратенички разбојници да ни го сменат името и на тацна да им го предадат брендот Македонија на Грците, но кога ќе го погледнете овој прилог на грчка телевизија по повод народната веселба во Пожарани, кога ќе го почувствувате тој нов дух на пријателство и кога ќе ве допре поинаквиот дискурс и свртеноста кон иднината, не е можно да не си кажете:

Документарец на денот: Скро-Мен!

Веројатно не знаејќи дека ќе дојде ден „бардовите“ да му прават пригодни интервјуа во живо, тој самиот има направено документарец за себе, објавен пред три години на јутјуб канал со неговото име. Во описот скромно има пишано „Гласноговорник во борбата за човекови права, голем противник на дискриминацијата во секој поглед, храбар критикувач на политичко-општествените случувања, скромен хуманист, Бојан Јовановски“. Ви извади очи зборот „скромен“?

Билјана на бис

На концертот во Света Софија публиката беше жедна за уште музика, но солистите и оркестарот на МОБ веројатно немаа спремено бис па си шепнаа и отпеаа нешто скроз непланирано и неочекувано. Ја почнаа "Билјана платно белеше" акапела, потоа почна да потпевнува и публика, а се уфрли и оркестарот. Ежење.

Двобој со државната администрација

Многу добро доловена ситуација. Лице в лице со претставникот на државата, спремен да те заебе или барем одложи на секој можен начин. Ама па некогаш и човек е спремен.

Неуспешната хибридна војна на малиот

Наш клинец (денес: агент на Спутник) врти на телефон (денес: користи хибридна алатка) за да се заебава (денес: за да наштети на евроатлантските аспирации) со институции (денес: Заев). За жал, не налетува на отвореност и срдечност како руските заебанти туку на два неверојатно брутални одговора.

Писмена работа за татковината, некогаш и денес

Вакво четиво немате читано уште од онаа легендарна писмена работа која ја имавме на Он.нет. Истиот вознес, истата љубов, истата поетска наива и „feeling determined“.  Ако па и испадне дека стварно се работи за истиот автор (ништо овде веќе не може да нè изненади), ќе бидеме пресреќни затоа што таа, татковината, на крајот сепак умеела да ги препознае своите таленти и да ги постави на вистинското место.