Во врска со неточните информации изнесени во јавноста за спортската сала Билјанини Извори Охрид, категорично ги демантираме тврдењата дека дел од излезите на салата се затворени. Овие наводи се целосно невистинити и создаваат непотребна загриженост кај корисниците на нашиот објект. Нашата спортска сала работи согласно сите прописи за безбедност и заштита. Објектот поседува план, правилник и проценка за заштита од пожари и други непогоди, кои строго се почитуваат. Сите излези се функционални и лесно пристапни во секое време. Дополнително, хидрантите и противпожарните апарати се редовно сервисирани и во целосна исправност, што може да се потврди со соодветна документација. Во прилог доставуваме фотографии и видеа кои ја докажуваат вистинската состојба на спортската сала и ги повикуваме сите заинтересирани да се уверат во безбедноста на нашиот објект. Очекуваме корекција на лажните информации и извинување за непотребната дезинформација.
Со почит, Ј.П Билјанини Извори