На прес конференција на францускиот амбасадор во Македонија, наша новинарка, со скоевска полетност и севернокорејска убеденост, го вика отприлика ова:
- На Франција ѝ пречи нашиот успех! - Ние сме модел!
Тимоние одговара:
Тоа што се сметате за модел е убаво е за одржување на моралот. Само не знам надвор од кругот на новинарката колку луѓе овде ја сметаат својата земја за модел.
Врв на пресот е кога друга новинарка ќе го праша францускиот амбасадор буквално ова:
Дали Франција ќе даде некаква гаранција дека овојпат ќе биде задоволна од она што е сторено овде?
Да повториме:
Дали Франција ќе даде некаква гаранција дека овојпат ќе биде задоволна од она што е сторено овде?
Да, и нам не ни се веруваше што слушаме:
Тимоние, да си бараш бенефициран стаж, ич да не му ја мислиш.