Ка ка ка ка... камера

Се викаат Кико и Болеро иако не сме сигурни кој е кој. Песната се вика Камера ама во тоа сме сигурни, бидејќи тој збор се повторува со дервишка упорност, што како цел збор, што со д'ткање на првиот слог. Од оние песни кои толку ќе те вознемират што ја пушташ пак, за некако да сфатиш дали е до тебе или е до нив. Леле оној саксофон како упаѓа, начисто нè полудува. Језиво и, јебига, мазохистички неодоливо.

 

17 октомври 2019 - 09:16