"The Exorcist", by SPC Brothers

Ќе видите една сцена од духовен храм во нашето соседство од која ние искрено се посравмe од страв. Да не излезе стварно Сатаната и да не оплете некое ѓаволско колце или направи некоја друга шејтанска беља.

Колку што разбравме, сиот овој гнев, вриштењето "Затварај двери!" (вратите на иконостасот кои го отвораат преминот кон олтарскиот простор во кој влегуваат само посветените) и другите покличи, се должат на следново:

Во последно време ве неколку места во Србија верници се бунат заради начинот на кој се изведува богослужбата во нивните локални цркви. Помладите свештеници на СПЦ донесуваат и некои новини во изведувањето на службата а народот, оптоварен со обичаите и завереничките теории дека некој сака да ја спои СПЦ со Католичката црква знае да изреагира гневно и доаѓа до вакви немили сцени па дури и насилство. Елем, им пречи тоа што вратите не се затворени и ваљда поради тоа се поблиску до Ѓаволот па се доведени во состојба на зголемена опасност овој да излезе и да го започне  илјадагодишното царување на темнината од срцето на Шумадија.

Боже сачувај.

 

20 декември 2013 - 17:28