Српски сајт на денот

Три часовника, постер и моторизиран ражен за печење. Тоа е тоа. Спремте се спремте да прочитате многу зборови кои почнуваат на С.

"Боже, хвала ти што сам Србин" е геслото на овој сајт кој нуди "Српски уникатни производи".

Србија и српство у срцу, Србија и српство на ѕиду!

Така почнува најавата за производот кој е "АПСОЛУТНИ понос" на секој СРБИН и српска куќа.

Малку пообјективно, се работи за невидено ремек дело, првпат во продажба, фантастичен дизајн! Елем, постер со ОГРОМНИ димензии, отпечатен на 300 грамска хартија (поголема - нема!).

Врамен или не, сигурно предизвикува невидени емоции, гордост и сила на српскотов потекло и род.

За да добиете претстава за неговите огромни димензии, ќе ви помогне и оваа перспектива:

На сајтот се нудат и три часовници на тема Србија, досетливо и шаренолико именувани како 1) Србија 2) Српска и 3) Четници.

А раженот е на батери и е ростфрај а го доставуваат и во Македонија:

одиме на сајт?

30 октомври 2014 - 16:50