За оваа цел Лајкамобаjл донира 2000 СИМ картички со тарифен пакет Mega Data кој вклучува интернет од 20 Гигабајти месечно, којшто учениците може да го користат бесплатно и без дополнителни трошоци секој од следните месеци до крајот на јуни 2021 година. Со оваа активност ќе бидат опфатени вкупно 2000 ученици на кои им е неопходен непречен и брз пристап до интернет, во над 50 основни и средни училишта од следните општини: Гази Баба и Аеродром Скопје, Дебар, Гостивар, Маврово и Ростуше, Велес, Виница, Берово, Битола, Охрид, Шуто Оризари, Куманово и Македонски Брод. Реализацијата на донацијата е во тек.
“Горд сум што можам да го најавам овој проект во кој учествуваме заедно со Детската амбасада Меѓаши. Во период кога предизвиците од Ковид кризата се сè поголеми и кога на секој ученик му е потребен гигабајт повеќе, на овој начин сакаме да се осигураме дека и децата на кои им е најпотребна поддршка, да можат непречено да продолжат да ја следат онлајн наставата до крајот на учебната година и да постигнат најдобри успеси и знаења.
Исто така веруваме дека ќе бидеме во можност проектот да го продолжиме и на почетокот на следната учебна година со цел да ги ублажиме последиците од тековната пандемија.” – изјави генералниот менаџер на Лајкамобајл Македонија, г-дин Владимир Николиќ.
„Секоја граѓанска акција која е поддржана од општествено одговорна компанија, како што во овој случај е Лајкамобајл, особено во криза, за време на пандемија кога за жал не може секое дете да оствари квалитетно далечинско учење со брз интернет и основни помагала за следење на истата, е од особена важност. Наша клучна задача е да им помогнеме на ранливите категории семејства, поточно на децата кои немаат пристап до интернет и да им овозможиме еднакви можности за пристап до образованието. Со оваа активност иницираме и поттикнуваме враќање на вредностите на филантропија, солидарност и емпатија, во време кога тие се неопходни “ – изјави Драги Змијанац, основач и претседател на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ.
Оваа донаторска активност Лајкамобајл групата ја спорведува и во останати земји.
Лајкамобајл групата е најголемиот светски мобилен виртуелен мрежен оператор, кој нуди брз мобилен интернет и говорни услуги за повеќе од 16 милиони корисници во 25 земји и четири континенти во светот. Кај нас оваа компанија започна со работа во 2016 година и веќе е препознатлива по понуда која вклучува пакети со мобилни комуникациски услуги со многу поволности достапни по атрaкативни цени, врвен квалитет и без договорни обврски.
За повеќе информации за Лајкамобајл посетете ја страната: www.lycamobile.mk
За повеќе информациии за Детската амбасада Меѓаши посетете ја страната: www.childrensembassy.org.mk
(Комерцијален текст)