Мирнииииии. Пред да попијам CapsLock каменување од страна на карниворите, месождерите, палео и кето диеталците во комент СЕКСијата, да обелам образ и да кажам дека не сум до толку безобразен да готвам вообразени бучкуруши како што се меса во веганско издание.
Впрочем, нема ништо лошо во веганските рецепти. Има одлични ракијо-елиминирачки мезиња од веганска вероисповед. Само никогаш не ми е била јасна таа нивна потреба да прават веган варијанти на мртви животни: веганско печено пиле, вегански T-Bone, вегапчичи, итн. Исто како лезбејките шо користат дилдовци у форма на фалус. Па нели нејќете?! И дајте малку уклучете тоа тревопасните вијуги, смислете нови имиња за храната што ја јадете. Еве, хумусот е хумус, не е веганска паштета.
Ок, денес спремаме њоки од благи компири. Личат на џимиринки/џмирки/чварки, па затоа таков наслов. Благите компири се трансџендерите во помфритскиот свет: они се уствари тиква, ама се осеќаат и облакаат како компири. И ако може, така да им се обраќате, ќе ве молам. Њоките се една од класиките на италијанската вкусна сиромаштија. Компири и брашно, пффф, ама пуста мајка/баба, кога им гракаат 5-6 гладни усти, иде на дај-шо-даеш тактика. Среќа па уште не била измислена глутенската интолеранција.
Оригиналот е со обичен компир. Беровски.
Па да почнеме: 2-3 благи компири, со виљушка ги бодеме како Брут Цезар, позади грб, ги мотаме во алуфолија и во рерна загреана на 220, едно 45 минути до саат. Вака омекнати ко на четвртина екстаза, ги лупиме и сместуваме во длабок сад. Сецкаме гранче рузмарин на ситно. Додаваме врз компирите. Додаваме и бааги сол и лук во прав. Со виљушка ги пасираме компирите ко за пире. Кога смесата ни е оладена, убацуваме две жолчки. Повторно мешаме. На ред е брашното. Го просејуваме низ цедалка. Не знам колку точно брашно иде, зависи од големината и квалитетот на компирот. Додавајте сѐ додека тестото не почне да се меси мазно, без да се лепи. Без пола кило нема да сте, у секој случај.
Во меѓувреме тенџере пуно со вода иде на рингла да се загрева. Од тестото кинеме третина или четвртина, зависи колку е големо и со рака го растегаме во долг и тенок цилиндер. Замислете дека тестото ви е сукало и ротирајте го по маса. Овој тестен црв го сецкаме на мали перничиња. И би њоки!!! Перничињата ги набрашнуваме и вариме во врелата тенџерска бања. Знаеме дека се готови кога ќе испливаат на површината. Ако сметате дека имате премногу тесто, смотајте го вишокот во најлонска фолија и складирајте го у фрижидер за следен пат. Стои до недела дена.
Кога сме готови со варење, во тава растопуваме 70 грама путер и њоките внатре, на лакирање. 2-3 минути по страна и правац у тањир. Додека се врели ги освежуваме со пармезански снег. Гарнитајте со омилениот ви сос.
Прославете го овој калоричен суфицит домаќински, отворете си винце. Клиза како Тони Хок по пикник клупа!
Кирил Стоименов - Њоки 13