Похованици од рерна и мајонез од нула

Поховањето е одлскул кујнска техника на санирање на аномалии кај храната. Ова е моја претпоставка пошто седи мирен да не седнам да гуглам историја на поховање. Мислам дека некој стар кувар-ѕвер, со тапацирани густи бркови и иксикселска става курнаски нашол начин да ги сокрие жилите, бајатоста и сличните њуз-појави на залихите у фрижидер.

Брашно+Јајца+Презла = и магија се стори.

Дури и храната со оскуден квалитет кога ќе набаци кафеаво-румена и крцкава носија не ‘звучи’ толку очајно. Поховањето е исто така и вештина шо прави прави апгрејд на кромидот од почетни 3 калории до енергетско ниво рамно на симит погача.

Доста дефиниравме, малце да по-поховаме... Денес ја приготвуваме медиокритетната класика, едно од најпорачуваните нешта од луѓето шо не знаат шо сакаат или прв пат седнале у кафана: пилешки прсти. Но, нема да ги пржиме, туку ќе ги печеме у рерна. И ќе пробам да ги разиграм колку-толку. Уз нив мајонез, ама шо сами ќе си го измајонезираме.

Епа...

Печестотини му грамова пилешки стек. Го сецкаме на ленти. Лентите ги зачинуваме со сол, бибер и црвен пипер. Репетираме 3 чинии.
- во првата ставаме 200 грама брашно,
- во втората матиме две јајца како за кајгана,
- во третата: презла + кршен пченкарен чипс + рендан пармезан + лук во прав + кора од 1 лимон + оригано + сусам.

Ухххх. Овој трошкаст микс ќе не благослови со дополнителна крцкавост и ќе разбие монотонија. Ок.

Секоја од лентите пилешко ја валкаме во брашното, брцаме во јајцата и џиткаме во миксот. Откако е испоховано го редиме на тепсија врз која имаме хартија за печење. И така сите на рипит. Откако сме готови, рерната на 225 и печеме 10-15 минути. Потоа обрќаме и печеме уште толку. Последните неколку минути дигнете го плехот на последниот жлеб да биде близу до греачот за да приреди дополнително руменило.

А додека пилешките прсти се частеваат термичка обработка, го спремаме мајонезот:

1 јајце + 1 лажица сенф + сок од пола лимон + бибер + 2-3 инчуни + 200 мл сончогледово масло.

Со рачен блендер миксаме се до посакуваната густина. Супер едноставен и левел-ап мајонезац. Прстите ни се испечени, мајонезот ги чека ‘на волеј’.

Честито ви мезе за уз печеснаес пивца. Да не е без ич, џабе ли толку садови прљавте?! И би похована даска. На истиот тертип испоховајте шо ви душа сака. И ѓон од чик-кумановка се јаде ако е добро испохован.

Кирил Стоименов - Похо Ван Стек

30 јуни 2022 - 14:35