Ме отекоа со оваа „хелти“ баничка

Јас не верувам во „здраво, но вкусно“ рецепти. Ги избегнувам како Заев достоинство. На овој рецепт ми искочи во серија на неколку наврати, ме следеше и почна да ме прогонува како што го прогонуваа оној шанкерот во серијата „Бејби рејндир“. На крај набилданите фуд-блогери победија. Потклекнав пред тренди искушенијата. Морав да го пробам за да бидам у тек шо јаде велнес сектата.

Нормално, го направив по свое, затоа што ја сум од Титов Велнес.

Станува збор за банички направени со оризови ленти/ролни наместо со фило кори. Со оваа алтернатива се ушпарува на калории. Овие оризови ризли обично се користат во азијатската кујна - прават некои тревопасни и вегански сармички од истите. Но некој фитнес војвода се осмелил да експериментира со нив и истите да ги балканизира. Поздравувам вакви подвизи, затоа и решив да ѝ дадам шанса.

Дајте ми шанса му дадам шанса на рецептов и на крајот ќе рецензирам.

Состојки:

  •  Оризови ленти: Основата 
  •  Праз: кулинарскиот град 
  • Сирење: Бело, биено, фета. Битно е да се рони. 
  • Јајца: многу добар 4
  • Зачини: Сол, бибер, црвен пипер. Можеш да додадеш и ким, да не е досадно. 
  • Сусам/афионско семе: За крај, за да изгледа професионално.

Подготовка:

Прво, исечкај го празот и стави го на тавче со малку масло. Зачини го со сол, бибер и црвен пипер, и пржи го додека не омекне.

Во меѓувреме, издроби го сирењето во длабок сад. Кога ќе биде готов празот, додади го во садот со сирењето и измешај го. Полнежот е репитиран.

Сега доаѓа најзабавниот дел. Стави ги оризовите ленти во претходно изматените јајца. Потопи ги добро за да впијат од течноста. Откако ќе омекнат, извади ги и стави ги на даска за сечење, по 3 комада, малку да се преклопуваат.

На крајот од даската, стави од филот со праз и сирење и завиткај ги оризовите кори. Треба да добиеш нешто што наликува на змија. Виткај внимателно и трпеливо. Завиткај ги така направените ролати во форма на полжав и стави ги во тава обложена со хартија за печење.

Премачкај ја баницата со смеса од јајце и малку млеко, и посипи ја со сусам. Печи на 180°C додека не добие златна боја. 20-25 минути.

Оценка: 4 минус. Испадна подобро од што очекував. Дали е стварно вкусна како оригиналните банички? Не би баш рекол. Дали се одлични во однос на калориската ефикасност? Би рекол да.  Ги пробав уште еднаш и тоа со мелено месо. Не препорачувам, оваа варијанта е далеку подобра.

Доколку сакате да одите еден чекор понатаму, поставете ги лентите една до друга на голема кујнска маса и замотајте ги во голема баница, наместо во повеќе мали.

Уживајте!

Кирил Стоименов - не може пет склека да направи

3 август 2025 - 09:51