
Во животот не нè потресуваат оние големите настани, туку малите, нечујни пресврти што се јавуваат како баритонски шепот во миг кога никој не слуша. Понекогаш мислиме дека ќе се смениме под пресата на судбоносен удар, дека само голема љубов или голема болка можат да му го свртат светот од плишаната страна. Но вистината е посуптилна, тивка и поскриена. Животот нè менува онака како што ветерот го шири поленот - кротко и ненаметливо. Сè што е важно во човековиот живот обично почнува скромно, како да се срами од сопствената големина. Но потоа расте во тебе, станува твоја одлука, твоја мисла, твој резон - како емоција која незабележливо те обвиткува додека не сфатиш дека без неа не знаеш да постоиш.
Понекогаш доволен е мал маневар, како на пример попарување зелка наместо закиселување, додавање малку морков и запечување сарма за да добие обвивка што личи на пре-исончан бакнеж. Ако го преживеавте овој мешаселимовиќизам од Тему, во продолжение следува рецептот:
Состојки

- 1 голема дива зелка
- 500 грама мелено месо (80% свинско 20% телешко)
- 1 среден морков, ситно исечкан
- 150 грама ориз
- 1 лажичка црвен пипер
- Малку суви зелени зачини
- Сол и бибер по вкус
- Масло
- Литро зеленчуков бујон
Постапка
1. Подготовка на зелката
Одвој ги листовите внимателно. Попари ги или вари го во врела вода 10-15 минути за да омекнат, но да ја задржат формата.

2. Подготовка на филот
Измешај го месото со оризот, морковот, црвениот пипер, сол и бибер. Измешај со раце, затоа што секоја добра сарма се прави со топлина од човечка дланка, така подобро се спојуваат вкусовите.

3. Виткање сарми
Стави мал дел од филот на секој лист, па виткај го полека, како бакшиш што го правиш за некого што ти значи. Прво дното, потоа страните, па свиткување нагоре.

4. Поставување во тенџере
Реди ги тесно една до друга. Сармите се држат како луѓето во тешки времиња, што поблиску тоа посигурно.

5. Готвење и печење
Прелиј со бујон, малку масло и вари ги околу 10 минути на тивко. Потоа префрли ги во рерна и печи ги на 225°C со капак 30 минути и обескапачени 15 минути.

6. Одмарање
Остави ги да одморат 15 минути. Да стегнат домаќински. Ракијата ти е најдобар другар.
Сармагедон, сега!

Кирил Стоименов - Сармалистика Будало