Кросоверот Xceed беше претставен од страна на Kia Motors Macedonia, модел кој e четврта изведба во семејството Ceed.
Уште кога беше најавен, беше големо изненадување, а кога се појави на салонот во Франкфурт, предизвика лавина од позитивни рекации и постави нови граници во CUV изведбите.
„Велат XCeed бил екстремно возбудлив, хмм може ли кросовер да биде возбудлив, всушност дали воопшто Киа може да биде екстремно возбудлива?! - Да дефинитивно, ова е многу сериозен играч од кого треба многу конкуренти да се пазат и да учат!“
„XCeed е врвната интерпретација на ексцентричен урбан кросовер“
„По оваа Kia, дечињата повеќе нема да ги цртаат автомобилите како лимузини, туку како XCeed!“
Ова се само дел од зборовите кои беа искористени на лицата од медиумите за да го истакнат задоволството кое го добија од тест возењето на Xceed.
Од неговото пристигнување до сега моделот се нудеше во неговата Launch Edition верзија, каде нивото на опрема беше највисоко, а веќе од денес кај импортерот се обезбедени повеќе верзии на Xceed. Во салонот е изложен примерок со Vision пакет на опрема, кој е во комбијација со 1.0 литарски турбо бензински агрегат, а неговата цена почнува од 18.550 евра.
Изгледа импресивно, а сето тоа е во комбинација со одлична цена. Повеќе информации може да видите на www.kia.mk
(Комерцијален текст)