Јапонскиот дизајнерски бренд МИНИСО, влезе во Македонија

Во присуство на голем број на гости во трговскиот центар Рамстор, на површина од околу 250м2 се отвори првата од низата продавници на Јапонскиот бренд MINISO.

Во присуство на претседателот на Македонско – јапонско друштво Горан Антевски, и многу познати лица од македонската музичка сцена – Роберт Билбилов, Мина Блажев, Александар Тарабунов…, гостите имаа можност да се забавуваат во пријатна атмосфера, а секако и да ги разгледаат производите.

Основана во Јапонија во 2011 година од страна на јапонскиот дизајнер Јунја
Мијаке и кинескиот претприемач Је Гуфу, МиниСо се развива со неверојатна брзина и за период од само 4 години, истражувајки го меѓународниот пазар, станува застапен со франшизи на повеќе континенти во држави како УСА, Мексико, Канада, Панама, Јапонија, Кина, Русија, а во Европската унија во Шпанија, Италија, Германија… или во повеќе од 60 држави, со преку 2.500 продавници, а преку компанијата МиниСо Соло влегува и во Македонија.

Минисо, инспирирани од Јапонската мода и животен стил, а тргнувајки од мислата дека производите треба да му бидат финансиски достапни на секој купувач, нуди производи во 11 категории и над 8.000 производи. – Здравје и убавина, технологија, играчки инспирирани од познатите цртани јунаци, помагала за кујна итн.

Големо е задоволството да се види дека една брзо растечка компанија од Јапонија како Минисо, го најде своето место и во Македонија. Во изминативе години имаме испратено повеке од 250 бизнис преставниви од Македонија во Јапонија, па се надевам дека ова ќе се преслика и во обратна сасока, а ова може да го гледаме како еден добар почеток на успешна соработка, истакна Антевски.

Минисо не е само бренд, Минисо е животен стил.

Сакај го животот, сакај го Минисо.
LOVE LIFE, LOVE MINISO.

(комерцијален текст)

27 декември 2018 - 09:46