Точно пред 23 години, во ноемврискиот број на магазинот Лајф излегуваат фотографии кои за прв пат го соочуваат светот со реалното лице на сидата. Болниот Дејвид Кирби, неговото семејство и еден полуиндијанец се главните јунаци во оваа приказна без хепиенд. Ако сте чувствителни, не мора да гледате.
* Првите фотографии се објавени 1990-та година. Автор е тогаш студентката по новинарство, Тереза Фраре која по смртта на Кирби решава да ја следи судбината и на Пета до крајот на неговиот живот.