Бројките со кои ни дојдоа Спортмедиа беа сериозни, посебно ако се има предвид дека е исклучиво спортски сајт. Посета од десетици илјадници луѓе дневно, со повеќекратно надминување на границата од 100.000 посети на ден, неброени импресии и продукција на вести што достигнува и до стотина статии на ден.
Сега нам ни е ред:
Ни најмалку не се сомневавме дека системот ќе ни издржи и десет пати поголема продукција и посетеност, проблемот беше каде да ја сместиме целата таа продукција на насловна страна, а човек да може да ја разбере без да треба упатство да чита.
Го земавме тоа што претходно го имаа, и им направивме 'ршум. Нешто разделувавме (фудбалот, го поделивме на домашен и меѓународен), нешто спојувавме (се што имаат на тема возила со каков било погон), на нешто му дадовме повеќе значење (кошарка, ракомет, се што не е спорт ама им се свиѓа за на сајт). Мобилната верзија им е укината, а целиот сајт е респонсивен за да легне на кој било уред.
Сосема ново чувство и дадовме на внатрешната страна, за која наша водечка идеја (и нивен главен страв) беше ставајте големи слики, ставајте големи видеа и ставајте галерии во статија. Тука зачинивме со маст-хев мирудиите за разигрување на маусот на посетителот и ќарување уште некој клик.
Во позадина на сајтот и најважното околу еден сајт што најмалку ве интересира (се додека не почне еднаш неделно да ви паѓа), останува исто: Drupal, PHP, Apache, MySQL и уште нешто ситно.