Разно

Неуспешната хибридна војна на малиот

Наш клинец (денес: агент на Спутник) врти на телефон (денес: користи хибридна алатка) за да се заебава (денес: за да наштети на евроатлантските аспирации) со институции (денес: Заев). За жал, не налетува на отвореност и срдечност како руските заебанти туку на два неверојатно брутални одговора.

Писмена работа за татковината, некогаш и денес

Вакво четиво немате читано уште од онаа легендарна писмена работа која ја имавме на Он.нет. Истиот вознес, истата љубов, истата поетска наива и „feeling determined“.  Ако па и испадне дека стварно се работи за истиот автор (ништо овде веќе не може да нè изненади), ќе бидеме пресреќни затоа што таа, татковината, на крајот сепак умеела да ги препознае своите таленти и да ги постави на вистинското место.

Кога НАТО вежба на Криволак

Во Неготино не постои мерна станица за загаденост на воздухот од ПМ честички а во Кавадарци се навикнати да им кажуваат дека загаденоста е од пожари и градежни работи.

Го имаме коментарот на денот

Го видовме ние коментарот и го тркалавме меѓу себе ама читатели викаат дека е греота да не добие посебно место па некој да го пропушти. Значи вака, под сликата со оној голем скопски патлиџан, Жута Авди има да го каже ова:

Хеј, фаци, Јана да ви каже нешто

Многу порадо би спиела или седела дома, него да свирам опкружена со скопските "фаци" роќеришта и менаџеришта, шо губат време од животот на бутање прасе у кафани, лактање шанкои, дрогсање со апери и љокање штогод е фора периодот. Не сум јас интересна. Ја сум од тие шо 2 години унапред купујат карти за акустичен концерт за Стинг и после идат да пијат чај и да глеаат Дизни.

Досие Скопје: Гоце Делчев

За Шпанија тоа бил Ел Сид, за Шкотите тоа бил Вилијам Брејвхарт Валас, Индија го родила Ганди, Мексиканците го имале Запата, народите на Латинска Америка - командантот Че Гевара, а ние во Македонија го имаме Гоце Делчев.

За ЕУтаназијата, ЕУмесијанството и нашата "добра смрт" (εὐθανασία)

Иако, скоро и да нема ниту еден историски, книжевен или политички пример каде понизноста, покорноста, сервилнoста, главо-климањето, угодништвото, раболепието, улизнувањето, бескарактерство и сл. на истите/истиот им донело нешто добро, сепак нашата дипломатска "стратегија" се темелеше на повеќе од наивното очекување дека можеби "ќе им падне жал, бидејќи направивме се". Резултатот е следен:

„Ја примивме пораката“

Ако владината ПР машинерија реши да направи промотивна кампања со оваа моќна и јако убедлива политичка порака и мантра, еве ние бесплатно да помогнеме околу фото - илустрација на кампањата која ќе изгледа прекрасно по билборди и постери. Слоган имате од Заев, фотографија имате од нас, што се чека? Нели е фер и рајата да ја прими пораката дека сте ја примиле пораката?

Да имаш свое јас е првиот и основен чекор за да седнеш со најважните шизици

Да, сте правеле компромиси со ДУИ и сте го доуништиле системот, сте го утепале Собранието, судовите, Уставот.... сè, за "големата слика" и "поважните работи". Сега тоа СÈ, ни се мава на сите од глава.

Македонче во Валаам

Валаам (Русија) важи за „северна Света гора“ на православието. Таму е оној јеромонах со потекло од Македонија кој пред некоја година проба да му баци рака на Путин па овој го сецна. Но, друго нешто сакаме да ви покажеме. Наши верници биле таму и еве ја сцената. 

Обнова на Охридската Архиепископија

Ние реално баш и не сме најљубопитни за црковно-историски теми, ама какво невреме нè навјаса и какви мемоцидни злотвори се имаат накотено, убаво ни доаѓаат секакви детали за Македонија (тоа ви е оној бренд кој денес само Грција може официјално да го користи; фала Заев, фала Димитров, фала 80 пратенички црепови). Ако, пак, некому не му се бендисува филмчето, нека оди да поплаче кај мајка му.

Евровизиски гатања 2019-та

Во најамбициозното и најхраброто од досегашните предвидувања на исходот на Евровизија ги имаме првите три места во крајниот исход, и еден голем бонус заради кој моравме исходот денес да го објавиме а не да чекаме до петок.

Повторувањето не е мајка на „Северна Македонија“

Додека тука гамадот е во мртва трка кој повеќе и почесто ќе напише „Северна Македонија“ (ко ордени да ќе им делат на крај), во најблиско соседство, најразумни луѓе не можат да сварат што и кај нив се прават обиди да се протурка изродот од кованица со која треба да се нарекува Македонија.

Русјаков, одјава

Немаш лична карта, здравствено осигурување, нема да имаш ни пензија. Ти не постоиш. И згора на сè ќе ти се посерат на глава, зашто секогаш има некој што сака да ти се посере на глава. Е па доста. Ти тука запираш. За тебе војната заврши, те поразија непријателот и твоите сојузници. Заедно.

Така ти е Ленче моја, кога љуби Македонец

Ја моли Ленче да му отвори врата, да пушел цигара и да ја зјапал у фаца, и сè така, циле-миле, да се земеле, супер ќе им било.... Ама сето тоа ако Ленче прифати. Ако не, мамата мамина. Чујте ја последната строфа.

Што нема да види Папата

Колку што разбравме, освен миса на Плоштад и посета на Католичката црква во Скопје, Папата ќе ја посети и Спомен куќата на Мајка Тереза. Прејако ќе биде ако пред да влезе, неочекувано им сврти лево, па дојде до ова место, им покаже нагоре, па на домаќините, на чист македонски (знае тој јазици) им каже: „А ова што е бе, ајвани, нели само тоа барокот ви се распаѓаше?“