Разно

Ништо тие не разбрале

Ги видоа резултатите од првиот круг претседателски избори па фатија со она дека ја разбрале пораката, дека ќе има чистка, ќе работи метлата. Одиме со првиот човек на Битола, градот кој е економски запуштен, човечки опустен, со отровен воздух, со црни ракови и уште триста бељи на врат. На 24 април 2019 година, три дена после гласањето и „разбраната порака“, Наташа Петровска има да го каже ова:  

Преспанска бајка на денот

На твитер некоја будалетинка решава да убаци фејк приказна која треба да има наравоучение дека глупото преспанско име и тоа како ни се исплати, дури и во конкретни меѓучовечки релации меѓу нас и Грците. Нашиот демек му рекол дека е од Северна Македонија а грчкиот келнер демек решил да ја скине сметката, демек трогнат. Таман да нè снеможи ваквата глупа потреба на вакви наши црепови, читнавме реакции по тоа твитерот, па малку од малку, се потфативме.  

Архитектонски марифети во Тетово

Немоќни сме да ја дешифрираме поентата на дизајнот и изведбата на фасадата на овој објект. Кога ќе ти чукнат на ѕид да имаш чувство дека ти чукаат на порта?

Јас сум неутрален

Сосема неочекувано налетавме на една драгоцена пацифистичка и анти-НАТО химна која не е производ на некаква подмолна пропаганда на Путин туку е македонска народна песна, да понародна и помакедонска не може да биде. И надвор од тој контекст нато-мато, текстот е права бонбона, јер, колку што знаеме, ова е единствена песна на светот во која се спомнуваат - тадааам! - подводни мини! Да се нарачува по свадби, слави, родендени и секакви други мирнодопски пригоди!

Скопска шахта 24/7

Како прво, волку шахти на квадратен метар може да има само кај нас (пошто махери за планирање). Второ, една од нив тропа дење-ноќе. Можете ли да ги замислите луѓето кои живеат во близина, колку се излудени од тој звук? Ако надлежните ги интересира (хехе, знаеме и ние да се шалиме), се работи за улицата 23 Октомври во Скопје.

Алекс Попстефанија, Македонецот кој ја сликаше црната дупка

Додека многу други се заробени во кладилници, социјални мрежи, партиски вртлози и слични македонски црни дупки кои голтаат сè што ќе се најде во нивна близина, Попстефанија го има дигнато нишанот на својот телескоп малку повисоко. Дечкото е дел од тимот кој ја направи првата фотографија на црна дупка во вселената, нешто што Ајнштајн го прави махер а Њутн малер на колото.  

Стево запира тука

- Што ако нема излезност на референдумот?
- Процесот запира тука.

Саундтрак за НАТО

Рецептот за оној конкурс кој го објави македонското министерство за одбрана (со еротски наслов „НАТО и јас“)  го знаете: најдете куп стари домашни и писмени работи од времето на социјализмот, секое „Тито“, заменете го со „НАТО“ и - тоа е тоа. Колку да не седите во глува тишина додека го правите тоа, пар песни кои го доловуваат континуитетот на овдешното творештво.

Кумановски урбани легенди

Од прилику на висину од треќи спрат се пресретнасмо с’с канту. Т’ј сусрет може да гу објасни фрактуру на череп и цвикање на моју кључну коску. Расцепи гу главу исто како поп сарму на задушницу.

Хростијан Стојоски! Командире мили брате! Споделете!

Баш со таков наслов ја начекавме по мрежите (додуша сето тоа во капс лок) и просто не знаеме што би додале, освен, од кај им текнуваат бе вакви работи? Повелете чујте ја оваа песна, вонбрачно дете на Болен ми лежи Миле Поп Јорданов (со родова инверзија, пошто само мажи ли да гинат во јуначки песни?) и онаа „200 дајем спустите је, 300 дајем откријте је“. Спојлер: оваа боље ни да ја спуштале ни да ја гледале.

Друже Заев, љубичице бела

Во време на Груевски и неговата компанија, ова ќе произведеше бар десет колумни, пет твитер хаштази, четири Топ теми и два УСАИД гранта, кои до Сталин и назад ќе се бавеа со опасниот тренд на создавање култ на личноста во Македонија (Заев, од грмушка: Северна Македонија!). Ние не би да дрвиме во таа насока. Само информација дека дечкото е директор на Агенција за спорт и млади, за која деновиве се уверивме дека функционира крајно одговорно и професионално.

Осум секунди Паљо

Па има ли појак? Нема и не ќе се роди. Паљото е во комплетно друга димензија и живот живее. На пример, што тој човек може да соопшти во осум секунди? Како што, еве ова!

Поубаво девојче од национално девојче

Наша девојка ги учи домородните Сурма деца (преслатки) од границата меѓу Етиопија и Јужен Судан да ја пејат „Македонско девојче, китка шарена“. И ете ти беља, наместо лежерно да уживаме во клипот, ние цело време се фуфкаме од некоја грмушка да не испадне Заев па да ги поправа.

Кочо Анѓушев и повластените тарифи за фотоволтаични централи

Е тоа е тоа што ужасно ме нервира: твојата сопствена влада ќе направи сè за да те дисквалификува како потенцијален инвеститор во корист на крупниот бизнис, а ти ќе направиш сè за да ги заобиколиш правилата и некако ако може, колку се може, да извадиш некој ќар од ситуацијата. Да се профилираш како играч, а не како раја. Далеку сме ние од нормален свет, мои драги браќа и сестри Македонци.

Не им го оставајте јазикот на политичарите

Од една страна, шокантен е молкот на научните и образовните институции пред ваквите јазични политики во Македонија. Од друга страна, поединците кои ја обелоденуваат вистината се омаловажени и маргинализирани.

Собата на „Свети Џо - Бејби“

Магична репортажа за еден наш гастарбајтер кој после 32 години поминати во Америка во работа со коли и после разводот со жена му Хрватка, се враќа во стариот крај и открива една друга своја пасија - внатрешен дизајн. Во потрага е по домаќинка која - ќе видите - нема да мора да му бара пари, туку ќе може сама да си земе.

Никад није касно: Ѕвездите на Заев

На чекор сме од едно ТВ шоу од домашна продукција на кое однапред блесаво му се радуваме. Наместо она глупо Звезде гранда, да зјапаме во нешто што би се викало „Ѕвездите на Заев“ (иако нас поише би нè бендисал попрецизниот наслов: „Ѕвездите на бандата која ни го смени името“), во кое наместо Карлеуша, Марија Шерифовиќ и бркат Босанац, во жирито би седеле Кирацовски, Радмила и слични ведети кои би бирале опозициони ѕвезди по свој вкус. Како џинглови би оделе Стојанче, Љубе, Крсте и други успешни примери кои продукцијата ги црпнала и ги направила луѓе.

МАНУ, чао без збор

Во нормална држава едно школо да сакаш да преименуваш учителите и учениците ќе се побунат, родителскиот совет ќе заседава, невладините организации ќе вреват.