Разно

Вака почна сè

Историскиот датум е 23 јули 2006-та или пред 19 години, кога имаше исто толку години. Во своено прво финале на АТП турнирот во Амерсфорт, Холандија, Србинот, рангиран на 36-то место во светот, го совлада поранешниот олимписки првак, Николас Масу од Чиле со 7-6, 6-4. Тоа му е прва титула. Денес брои 100, од кои рекордни 24 Гренд слемови.

Јапонец како молња постави нов светски рекорд на 100 метри во У-18

Сорато Шимизу на 16 години го урна рекордот од 10,01 поставен од Јошихиде Кирју во 2013 година. На меѓусредношколската атлетска трка на 100 метри во Хирошима, тој истрча за точно 10 секунди. Инаку апсолутниот светски рекорд и натаму го држи Јусеин Болт со време од 9,58 секунди.

Драма и пол финиш на Медведев и Муте

Корентин Муте ја оствари најголемата победа во кариерата, откако во драматично четвртфинале на Мубадала Сити ДС Опен го елиминираше Данил Медведев. Французинот го загуби првиот сет со 6:1, но потоа ги доби следните два. Погледнете на каков начин заврши мечот.

„Мора да спиеме во брачен кревет со тренерот“

На човек да му е глупаво да го слуша ова. Заслужуваме ли ваков настан дечки? „Нема тоалети во собите, па мора да делите со другите. Имаме проблеми со водата, немаме вода во блоковите, само во кујната. Ограничено е на две шишиња за еден човек. Нема клима во собата. Храната не е добра и порцијата е мала“.

Погачар се удри во кола, ама лесно помина

Најдобриот светски велосипедист Тадеј Погачар, кој ита кон четврта титула на Тур де Франс, имаше инцидент со автомобил на тимот „Визма-Лиз а Бајк“, ама ништо страшно.

Како се калеа медалите за младите олимпијци?

Лиењето се одвивало на температура од 460 степени, а целиот процес бил внимателно надгледуван од најмалку 15 вработени во период од речиси 40 дена.

Ново видео од церемонијата на отворање на игрите во Скопје

ЕМОФ Скопје 2025: Знамиња што се веат, срца што забрзано чукаат, илјадници млади спортисти под едно небо, обединети преку страста, храброста и олимпискиот дух. Од ритамот што ја тресеше арената до светлата што играа со нашите соништа, Скопје стана сцена на чудата. Прослава на младоста. Искра на наследство. Момент што ќе го паметиме засекогаш“.

Среќа што не го изеде во глава

А само што ја предупредија.

Душица Бреслиева стартуваше со победа во теквондо

Прва победа за Македонија во индивидуалните спортови на игрите во Скопје, а воедно и прва шанса за медал.

Зошто Македонија имаше многу бледа промоција за Европскиот олимписки фестивал?

Во Скопје и Куманото пристигнаа преку 4.000 спортисти од 50 земји, што ни се нема случено во историја, но во јавноста имаше безброј реакции за кампањата. Многумина до последно не знаеа дека воопшто сме домаќини на еден ваков масовен спортски настан. Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски даде чудно објаснување.

Убав момент меѓу Надал и Ѓоковиќ од едно старо финале

Се работи за УС опен 2010 кој Надал го доби со 3:1. Млади се и двајцата, Шпанецот има 24 години, Ѓоковиќ 23, ама уште тогаш постоела некоја хемија меѓу нив. Рафа го теши Новак, бидејќи знае какво е чувството кога ќе се загуби слем.

Фото на денот тешко 155 трофеи

Интересна балканска конекција на хрватскиот остров Корчула. Во исто друштво се најдоа Новак Ѓоковиќ (100 трофеи), Лука Модриќ (34 трофеи), Матео Ковачиќ (21 трофеј) и Александар Чеферин. Хрватските легенди добија потпишани маици од српскиот тениски ас.

На шпанска атлетичарка, плафонот и се сруши во веце

Не знаеме во кој скопски хотел е ова, само знаеме дека Ана Естрела де Леон, се натпреварува во скок во далечина и во трискок, што и олеснува побрзо да реагира во случај на вакви незгоди. Добредојде во Македонија, се дел од коментарите под видеото.

Најголемата пливачка надеж на Балканот

Не е до пливачот, до коментаторот е и неговите будалаштини во импровизацијата.

Дамјан Станковски постави државен рекорд на 200 метри градно

Одличен старт за македонските пливачи на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје. Пораз на нашите репрезентатиите во три спортови.

Нов европски рекорд на 15 годишна спринтерка на 100 метри

Кели Дуала Едимо од Италија на 14 години има поставено светски рекорд на 100 метри во конкуренција У-15. На игрите во Скопје блесна во ново издание. Истрча 11.21, резултатот со кој постави нов европски рекорд на 15 години.

Светски рекорд во скок со стап на првиот ден на игрите во Скопје

Историски момент уште на стартот на ЕМОФ Скопје 2025. Алика Инкери Мозер постави нов светски рекорд во скок со стап во конкуренција до 18 години.

Прегратки и позитивни вибрации со маскотата во Скопје

Официјалната маскота на Европскиот летен олимписки фестивал се вика Шајни. Таа е задолжена за ширење позитивна енергија меѓу спортистите во Скопје.

Олимпискиот оган гори во Скопје: Спектакуларно отворен ЕМОФ Скопје 2025

Со дефиле на 50 делегации со над 4.000 спортисти, во спортскиот центар „Јане Сандански“ и официјално стартуваше Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Олимпискиот оган го запали Дејан Георгиевски.

Олимписки спектакл во Македонија со над 4.000 спортисти од 50 земји

Стартува Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Македонија ќе ја претставуваат рекордни 181 спортисти во сите спортови.

Сашко Кедев стана прв Македонец кој ги освои сите 14 врвови над 8.000 метри

Упорниот Сашко Кедев ја испиша историјата и направи подвиг кој не му успеал на ниту друг алпинист од Македонија.

Федерер го провоцира Агаси дека не бил толку страшен

Овој му враќа со 8 волеј удари по ред. ОСУМ. Тоа се тие легенди, родени за спектакл.

Страшниот залет на Тадеј Погачар, работите дојдоа на свое место

Словенецот Тадеј Погачар е победник на 12. етапа на 112. издание на Тур д' Франс. Најдобриот светски велосипедист и возач на Емирати тимот, ја заврши делницата од Уша до Утакама долга 180,6 км за четири часа, 21 минута и 19 секунди со што го презема водството во генерален пласман и со жолта маичка ќе ги предводи останатите.