Кошарка

Македонската кошарка е многу нестабилна, падна кошот во Куманово

Куманово загуби дома од Чаир. Мечот прво бил прекинат поради лизгав терен, а потоа поради друг посериозен проблем кога е во прашање стабилноста. Урош Луковиќ ја заби топката на загревање без многу сила, а кошот се струполи на земја, цел со се конструкцијата. Инаку зборуваме за реновирана сала, за која беа потрошени повеќе од 2 милиони евра и во која ќе се игра Купот на Македонија.

Ол-Стар забивање, цела сала и Дончиќ се чудеа

ЛА Лејкерс ја забележа и 28-та победа сезонава откако синоќа го разби Чикаго Булс на гостински паркет. Дончиќ одигра уште еден луд натпревар со 46 поени, 7 скока и 12 асистенции, а моментот на вечерта го имаше неговиот соиграч Џексон Хајс по една украдена топка по 8-та тројка на Лука.

Дончиќ ги растури Булси со 46 поени

Лука Дончиќ одигра симултанка во домот на Мајкл Џордан. Го разнесе Чикаго со 46 поени, 12 асистенции, 7 скока и 8 тројки, за победа на Лејкерси од 129:118. Никола Вучевиќ го заврши мечот со 18 поени, 11 скока и 5 асистенции. Словенецот е во врвна форма со 33,4 поени по натпревар оваа сезона.

Грег Поповиќ се појави во сала

Една година откако доживеа мозочен удар, Грег Поповиќ влезе во сала, ги израдува, ама иствремено и ги растажи навивачите. Не повеќе истиот. Легендата беше на чело на Сан Антонио 29 сезони, во кои освои 5 прстени и стана тренер со рекорден број натпревари во НБА.

Најлошиот обид за цепелин

Веројатно тоа му беше намерата или не? Мохамед Диуф од Виртус Болоња со изразито лошо додавање на мечот против Фенербахче во Евролигата.

Дончиќ го збриша Денвер со историски трипл-дабл

Со фантастична партија во лидерски стил, Лука Дончиќ ги предводеше Лејкерси до триумф на гостувањето против Денвер од 107:115. Словенецот блесна со 38 поени, 13 скока и 10 асистенции и го мина Јокиќ на листата на играчи со најмногу трипл-дабл мечеви со минимум 30 поени. Кај Нагетси не беа во комбинација четворица играчи, а Јокиќ го пропушти 12-от меч во низа.

Коди Милер-Мекинтајер врзуваше патики на сред напад

Црвена звезда оствари неверојатна победа против Емпорио Армани Милано на гости во Италија 104:96, после голем пресврт откако на старт на четвртата четвртина црвено-белите имаа -12 поени заостаток. Во последниот период дадоа 34 поени, примија само 14 и заслужено славеа. Но еден детал посебно ги изнервира гледачите: плејмејкерот Коди Милер-Мекинтајер ладно си врзуваше врвци додека Милано имаше напад и поентираше преку него.

Му го пуштија на Ентони Блек лудото забивање

Младиот бек на Орландо Меџик изведе лудорија против Мемфис, за која и самиот како да не е свесен колку моќно изгледа. „Мислев дека сум сам“, вели Ентони Блек.

Го имаме забивањето за 2026-та, НБА нека принта постер

Кога последен пат сте виделе четворица кошаркари да се обидат да спречат забивање и тоа неуспешно? 21 годишниот Ентони Блек од Орландо Меџик на дуелот против Мемфис изведе нешто спектакуларно, кое ќе се памети и кое заслужува место во посебна најавна шпица. Неверојатно е како изгледа ова. Урамете го.

Лестер Бо Мекејлеб стана тренер

Легендарниот кошаркар кој беше главен јунак на најголемиот успех на македонската кошаркарска репрезентација на култното Европско првенство 2013 во Литванија, Лестер Бо Мекејлеб станал тренер во САД.

Шарлот ја повлекува 30-та, Дел Кари плачеше како дете

НБА франшизата Шарлот Хорнетс објави дека во март на свечена церемонија ќе го повлече од употреба дресот со број 30 во чест на еден од најдобрите играчи во нивната клупска историја - Дел Кари. Кари, татко на најдобриот шутер во историјата на НБА лигата Стеф Кари и на уште еден НБА играч Сет Кари, играше во лигата од 1986 до 2002-ра година.

Денвер Нагетс тера добро и без Јокиќ, трета победа по ред

Денвер Нагетс го забележа и третиот триумф по ред, овојпат 118:109 над Далас Маверикс. 

Рекорд на сезоната за Никола Вучевиќ, му донесе победа на Чикаго на 4 секунди пред крај

Кошаркарите на Чикаго Булс ја совладаа Јута Џез 128:126 а јунак на повеќекратниот НБА шампион беше Никола Вучевиќ кој трет пат сезонава постигна кош во последните секунди за голема победа.

Интересна завршница на Гнабри од Баерн Минхен

Баварската машинерија продолжува да гази. Во Бундеслига имаат 15 победи и 2 нерешени на 17 натпревари. Синоќа го совладаа Келн на гости со 1-3. Првиот гол за Баерн го даде Серж Гнабри на истек на првиот дел во 45+5' минута. Интересно голче.

Џордан сам против сите од Орландо

Првиот чувар се вика Пени Хардавеј, вториот Шекил О`Нил, а под кош е и Хорас Грент. Ем Џеј не го интересира и не гледа кој има пред него. Влегува и ја решава акцијата, па ако треба и сам ќе си асистира, како во случајов.

Адетокумбо им се сврте на своите навивачи

Милвоки Бакс изгуби 139-106 од Минесота Тимбервулвс и го запиша 23-от пораз (имаат 17 победи). Најдобриот кошаркар во историјата на клупската франшиза Јанис Адетокумбо одново беше најефикасен со 25 поени, 8 скока и 5 асистенции но навивачите постојано го исвиркуваат и „букаат“ и него и соиграчите, па тој им возврати.

Има нешто и до почит - цела сала на Торонто стана на нозе за Лоури

Филаделфија '76 го совлада Торонто Репторс на гости 115-102 и ја забележа 22-та победа сезонава. Најефикасни беа Тајрис Макси со 33 поени и Жоел Ембид со 27 поени, 8 скока и 4 асистенции. На клупата кај Фила беше 39-годишниот ветеран Кајл Лоури кој 9 меча по ред не влегувал во игра воопшто. Се до синоќа кога во салата на Торонто Репторс со кого освои шампионска титула не го скандираа неговото име, па тој се соблече и влезе во игра.

Тренерот на Бостон повторуваше како папагал само два збора

Бостон Селтикс изгуби тесно 98:96 од Индијана Пејсерс која постигна кош на шест секунди пред крајот за победа но во тој напад очигледно имаше фаул на Паскал Сијакам и други судиски грешки. Тренерот на Бостон Џо Маѕула после натпреварот на прес-конференција пак даваше необични одговори. Овојпат се реши само да повторува два збора „Илегал скрин“ односно „Неправилно поставен блок“. Новинарите имаа различни прашања, а тој на шест поинакви прашања го даваше истиот одговор па овие кренаа раце од пресот.

Јокиќ во игротека

Најдобриот светски кошаркар паузира веќе неколку недели поради незгодна повреда. Во времето кога не е на клупата кај своите играчи на натпреварите на Денвер каде им помага со совети, игра со ќерка му во игротека.

Ете и тоа имало, влага одложи НБА натпревар на Чикаго Булс

Одамна немало вака бизарна причина во НБА лигата да се одлоши во целост натпревар поради влага на паркетот. Дуелот меѓу Чикаго Булс и Мајами Хит во „Јунајтед Центар“, култната сала на „биковите“ не беше одигран синоќа поради целосно лизгав паркет а не успеаа да помогнат ниту чистачите, ниту судиите кои се фатија да им помогнат.

Кога Дончиќ ќе добие провокација од публика

Лука не ќути многу и им враќа на навивачите кои го закачаат. Еден од нив седнат во прв ред, му дофрли пред шут со зборот „ѓубре“ и само го разбесни. Ѕвездата на Лејкерси му врати и со тројка и со зборови.

Нено се отвори на дебито за Баерн со убава асистенција

Баерн Минхен ја совлада Басконија со 96:89, натпревар од Евролигата на кој дебитираше Ненад Димитријевиќ. Македонскиот плејмејкер одигра 17 минути во кои запиша 8 поени, 3 скока и 4 асистенции. Намести и цепелин.

На 0,7 до крај падна НБА шампионот, салата во делириум

Феникс Санс ја совлада Оклахома Сити Тандер 108-105 во дербито на вечерта во НБА лигата и тоа со тројка на 0,7 секунди пред крај на лидерот Девин Букер. Во арената на Феникс илјадници навивачи еуфорично ја прославија победата со кош постигнат во последен момент.