Фудбал

Самбата на Сан Сиро пред 10 години

По пауза од 14 години Барселона во сезоната 2005/2006 ја освои Лигата на шампионите. Меси беше уште млад, а Роналдињо во врвна форма. Во полуфинале го елиминираа Милан, а од дуелите на Гатузо и Пирло со Бразилецот остана посебно видео.

12 месеци, 12 фудбалски настани

Втор отказ за Мурињо во Челси, крај на фудбалската ера за Блатер и Платини, збогум за капитенот на Ливерпул, четврто Скудето на Јувентус по ред. Ова се 12-те настани кои ја одбележаа минатата сезона според Газета дело Спорт.

Топ 10 автоголови

Петтиот е најатрактивен, првиот најсмешен, во вториот сите се криви, а десеттиот и четвртиот се за подетално испитување.

Уште една епизода на Фергусон со копачки

Првата е со Бекам на кој му ја удри во глава во соблекувална, а потоа фудбалската икона си замина, а втората се однесува на Диего Форлан кој не сакал да ги облече тие што биле по мерка на шкотскиот стратег.

Марио Балотели во едно видео

Не тренира, не дава голови, не му се игра, мрзелив е, му се излегува, му се пушат цигари, му се пие алкохол. Карактерот на Балотели во кратко видео.

Слободен удар со три живи ѕида

Фудбалерите на Брентфорд на мечот против Бирмингем мислеа да ја сокријат траекторијата на топката со тоа што седум души ќе се наредат во два живи ѕида пред противничкиот гол.

Решавачкиот скок на колото во Премиер лига

Ватфорд беше многу блиску од изненадување во првото коло од 2016-та, но тоа го спречија Јаја Туре и Серхио Агуеро кои направија пресврт за 3 минути за конечни 1:2. Во фокусот на вниманието е скокот на најнискиот играч на средбата.

Во Ѓорче не ме сакаше тренерот, а сега играм во Русија

Минатата сезона се пресели во Русија, каде стана еден од подобрите стрелци во втората лига и најзаслужен за пласманот на Крилја Советов во руската Премиер лига. За неделникот Футбол зборуваше за војната во Македонија и скандалите со судиите.

Кога мора да играш фудбал на 1-ви јануари

Во Англија им се падна на четири второлигашки екипи да имаат коло за играње ден после новогодишната прослава. Најтешко на душата му беше на Џејмс Вилсон од Брајтон.

По 55 пенали, Кристијано прв пат промаши цел гол

Во 24. минута од мечот меѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад, Кристијано Роналдо од пенал го промаши целиот гол, нешто што не му се случило во претходните 55 изведувања во шпанската Ла Лига. Португалецот се извади во 42. минута од првиот дел (пази иронија од пенал).

Мурињо од џакузи слуша понуди

Мирор нè носи во Нанаи ресортот во Бразил каде Жозе Мурињо решил да одмори за Нова година по клоцата која што ја доби на Стемфорд Бриџ, каде навивачите и натаму го скандираат неговото име.

Роналдо му врати на Капело

Поранешниот бразилски напаѓач одговори на критиките на Капело кој барал подобра линија од него во Реал Мадрид.

Фудбалот преку фотошоп

Ибра ги нарече фудбалерите на Челси бебиња, Руни делеше шамари, Варди лекции, а Ван Гал од Лига на шампиони го однесе Манчестер Јунајтед во Лига Европа. Се отвори многу работа во фотошоп изминатава година.

Зборувам пет странски јазици и се разбирам со цела одбрана

Чешкиот голман во понеделникот против Бурнмаут не прими гол и на тој начин стигна до рекордни 170 натпревари во Премиер лигата на кои ја сочувал мрежата. Вели дека новата технологија и побрзите топки се тешки за фаќање.

Ќе му дадеме јадење и куче само да ни стане тренер

Најлошиот фудбалски клуб во светот го начека Мурињо како слободен тренер и му достави понуда.

Никој како Месут Озил во Премиер лигата

Габриел го искористи корнерот кој го изведе Озил и погоди против Бурнемут, а тоа донесе нов рекорд во англиското првенство.

Синот на дрвосечачот од Острава што стана легенда на Њукасл

Некогашниот репрезентативен голман на Чешка и англискиот Њукасл почина на 29. декември на 47 годишна возраст, откако на почетокот од месецов паднал во кома по срцев напад при трчање.

Што работеше Коларов со левата во Лацио

По Михајловиќ, другиот Србин кој со ударите од далечина беше страв и трепет за голманите во Серија А е Александар Коларов. За Лацио играше од 2007-ма до 2010-та и откако ќе го гледате видеово ќе сфатите дека многу лудачки голови дал од разни тешки позиции.

Четири минути задоволство во ЛЕ

Групната фаза на Лига Европа заврши, се извлекоа двојките за нокаут рундата а нам ни преостана да се потсетиме на најубавите голови досега.

Како Занети ѝ го извлече Реал на Рома?

Ждрепката за нокаут фазата во ЛШ во Нион на 14 декември ја влечеше легендарниот капитен на Интер кој на римската волчица ѝ го донесе кралскиот клуб.

Топ 5 одбрани на Шчесни

Арсенал го купи Чех, а Шченсни го прати на позајмица во Рома. За сега доби 13 шанси кај Руди Гарсија и доволно мастрав за клубот да му направи листа со најдобри одбрани.

Рекордерот во менување тренери

Генчлербирлиги во 54 години имал 22 претседатели, а во последниве 37 години има само еден.

Судијата кој не ги издржа навредите за мајка му

Мајки и шајки мора да трпат 90 минути, бидејќи на стадион одат секакви будали. Но овој судија од првата лига во Тунис не издржа пустиот и за момент го прекина мечот и пушти солзи. Велат дека му пцуеле мајка.