Македонскиот вицепрвак ја забележа и втората победа во серија во рамките на Лигата на шампионите и му врати на Татран Прешов за поразот во второто коло.
Во Англија одењето на стадион е како семејна традиција со години, ама мајкава со овој памет ептен ќе заврши работа во воспитyвањето на децава кои го бодрат третолигашот Милвол. Плус веројатно таткото е џандар.
За чуварот на голот на Ливерпул на Википедија пишува: Лорис Кариус е професионален голман од Германија кој брани за Ливерпул. Човек да не го знаеше немаше да поверува дека голман од лидерот во Премиер лигата кој денеска го совлада Сандерленд со 2:0, може да направи ваков аматерски потег.
Првиот ред од доминото во Валенсија падна кога милијардерот од Сингапур, Питер Лим ја прекрши првата заповед на богатите газди на спортски клубови: ’Немој да влегуваш во микроменаџмент и да купуваш клуб ако не си способен за тоа’.
Еден од најконтроверзните раководни лица во историјата на италијанскиот фудбал кој правеше распореди кој судија на кој меч да суди, даде свои предвидувања за првите 6 позиции на крајот од оваа сезона и раскажа како со едно обраќање сакал да му даде до знаење кој е кој на еден од највлијателните агенти во фудбалот.
Коп го викаше “Снајперот“ затоа што кога ќе се наместеше добро од убава позиција, двајца голмани не му го бранеа шутот. Стиви Џи вчера ја заврши активната играчка кариера и фудбалот остана без уште една легенда.
Даглас Рос, еден од подобрите шкотски линиски судии, кој беше помошник на мечот Спортинг Лисабон - Реал Мадрид во вторникот, би можел да го загуби пратеничкото место во Парламентот затоа што пропуштил важна седница.
Најдобриот стрелец на ЕП 2016 си има свој начин на прослава на головите, а денсот откри дека го ископирал од песната Hotline Bling. Во Пума не седеле со скрстени раце и од тој момент се инспирирале да го направат ова:
Рома славеше убедливо со 4:1 против Виторија Плзен, а публиката уживаше во две ремек дела. Рабона на Аргентинецот Диего Пероти и мајсторија на Босанецот Един Џеко.
Со високи 4:0, Црвените Ѓаволи славеа против Феенорд и направија важен исчекор за пласман во следниот круг на Лига Европа. Вејн Руни стигна до 39 погодоци во европските купови и го сруши рекордот на Ван Нистелрој. Убедлив триумф забележа и Рома.
И со нов тренер продолжуваат очајните резултати на Интер кој по 0:2 во Израел дозволи целосен пресврт да му направи Хапоел Бер Шева со гол во 93-та минута. Во судиското продолжение златни три бода освои и Паок во Фиренца, а со ЛЕ се збогуваше и Ница. Шалке и Шахтјор се најубедливи со 5 од 5.
Џо Пејн има само 17 години, игра во одбрана и е член е на четвртолигашот Престон. После ова што го направи никој во школо од другарите нема право да му држи лекции по фудбал.
Да, сигурно нема да видиме фудбалер со предизвик како чита книга или зборува за глобалното затоплување. Во празното време меѓу натпревари и тренинзи имаат време и за вакви работи.
Фудбалот останува без една од најголемите легенди во историјата. Големиот капитен Стивен Џерард денес ја затвори книгата од неговата фудбалска кариера.
Тренерот на Интер Запрешиќ, клубот кој го лансираше најдобриот македонски напаѓач во моментов, вели дека двата најголеми хрватски клуба воопшто не го доживувале Несторовски додека бил во ХНЛ.
Најдобриот тренер на денешницата читал од учебникот на неговиот омилен тактичар Хуан Мануел Лиљо за кого Гвардиола се решава да живее и работи во Мексико во време на брутална војна меѓу армијата и нарко-картелите.
Македонската фудбалска репрезентација ги урна сите досегашни негативни рекорди на ранг листата на ФИФА, која подобро нека нè излегува повеќе се додека не победиме некој.
Откако не успеа да се пласира во 1/8 финалето од ЛШ, во случај да се пласира во групната фаза од ЛЕ, Тотенхем ќе бара дозвола од УЕФА да се врати во својот дом кој го напуштија поради реконструкција и се преселија на Вембли.
Во 30. минута Бенфика имаше 0:3 против Бешикташ а во 89. на семафорот стоеше 3:3. Ченк Тосун даде страшен гол со ножички, Баерн Минхен го доживеа и вториот пораз во групата.
Специфичниот удар таканаречен “сув лист“ ретко кој може да го усоврши како Бразилецот Жунињо од Лион. Но ете го Роналдо со топ 5 листа која ја објави УЕФА во која три се такви. Да не може да се реши човек кој е најатрактивен од третиот, четвртиот и петтиот.
Во ерата на врвниот италијански фудбал кој важеше за најквалитетен во 90-те и почетокот на новиот милениум една од најголеми новинарски патки за историски најскап трансфер ја пушти Газета дело Спорт кој ги остави без здив навивачите на Лацио.
Откако излезе листата на 10 кандидати за наградата Пушкаш, вчера објавивме и алтернативна листа на која ФИФА очигледно не внимавала. Епа ни во првата ни во втората нема ваков гол. За „шкорпион“ потегот дознавме од легендарниот Рене Игита кој така ја одбрани, а овој бре луѓе што стори?
Минатата сезона Лестер имаше само три порази во цела сезона во Премиер лигата, а сега по 12 кола има двојно повеќе од лани. Момците на Раниери имаат две лица и додека испишуваат историја со првиот пласман во нокаут фазата од ЛШ, истовремено се на 2 бода до испаѓање од лига.