Фудбал

Сари се вади дека не го видел Гвардиола, затоа не се поздравил

Откако Сити со историски 6-0 го демолираше Челси синоќа, по крајот од мечот италијанскиот стручњак тргна кон соблекувалната и додека Гвардиола му пружаше рака, овој само го одмина. После во соблекувални се решил проблемот.

Комичната епизода на Роналдо со Кедира и топката во лице

Јувентус рутински со 0-3 го совлада Сасуло на гости и продолжи сигурно да вози кон скудетото. Головите ги дадоа Кедира, Роналдо и Џан, а првите двајца беа дел од комична епизода во 61’ минута

Во Италија падна убедливо најглупавиот автогол на сезоната

Во втората италијанска лига Серија Б играа Салернитана и Беневенто. Гостите победија 0-1 со автоголот на домашниот голман Алесандро Мичаи.

Прослава на денот

Кога ќе помислите дека се исцрпени сите будалаштини околу начинот на славење голови, ќе се појави оваа будалетинка која го надминува во глупираме и Марио Ѓуровски. Па и тоа музичето како си лежи во позадина.

Ма каков Рене Игита, пазете го овој

Го знаете Рене Игита така? Знаете за неговиот шкорпион удар со кој одбрани топка на гол линија така? Епа му го најдовме наследникот.

Луда реклама со брат му на Гигс

Родри Гигс не зборува со неговиот брат Рајан повеќе од 7 години, откако британските таблоиди на времето открија дека Рајан долги години имал афера со сопругата на брат му Наташа. Родри сега се појави во реклама за познатата обложувалница Paddy Power во која зборува за, пази, ЛОЈАЛНОСТ.

Добар голман е пола тим, прашајте во Дортмунд

По цели 7 години од последната титула во Бундеслигата (2011/12), Борусија Дортмунд е на добар пат да се радува на „салатарата“ и да стане шампион на Германија. По 20 одиграни кола, „милионерите“ имаат 15 победи, 4 нерешени и 1 пораз и со 49 се први на табелата. Меѓу најзаслужните за одличната сезона на Дортмунд е швајцарскиот голман Роман Бурки.

Солскјер создаде идентитет и го оживеа и Рашфорд

Oд Манчестер Јунајтед си замина тренер со педигре и 25 трофеи во нецели две децении, а го замени младич кој сега почнува да го учи занаетот. Ама ништо не значат името и бројките. Важна е новата енергија која кружи во тимот и која ги опива играчите.

Голот на Ширле против Барнли е избран за најубав во јануари

На 12 јануари Барнли го победи Фулам со 2-1, а голот кој го даде Германецот Ширле за гостите е прогласен за најдобар за минатиот месец.

Легендарното крило Овермарс прави ренесанса во Ајакс

Славниот клуб од Амстердам неколку години го немаше на фудбалската мапа на Европа онака како што треба да го има, па затоа Јохан Кројф пред неколку години го викнал Марк Овермарс на кафе-муабет.

Борац Бања Лука прекинал натпревар зошто многу губел

Во турското летувалиште Анталија, кое има неверојатни услови за одржување подготовки, доаѓаат многу клубови. Таму во овој период од годината секојдневно се играат еден куп пријателски, а една меѓу словенечки Марибор и Борац од Бањалука не се доиграла.

Најјаката глума во кариерата на Стоичков

Не го знаевме за таков, ама ете знаел и така. Налетавме на снимка од Христо Стоичков како паѓа театрално како да го колат. Се работи за натпревар пред точно 25 години кој Барса го добива против Борусија Дортмунд со помош на оваа глума вредна гол од пенал.

Кејсуке Хонда ја зезна работата

Некогаш растураше во ЦСКА Москва поради што го купи Милан, ама во Италија не покажа ни промил од тоа што го играше во Русија. Кариерата ја продолжи во Мелбурн Виктори во Австралија каде е најдобар играч. Ама изговорот на англискиот јазик му е за уште работа.

30 минути Роналдо во Интер

На „Џузепе Меаца“ поминаа илјадници играчи од целиот свет, ама ретко кој беше сакан и гледан како бразилскиот феномен.

Колку опасен лоб удар е ова

Имаше еден многу јак и уникатен лоб на Карел Поборски на ЕП 1996 со кој се прослави како играч. Епа од тогаш не сме виделе нешто вакво специјално, дело на Карло Санчез од Сантос. Оди дај го од таа позиција со десна, претешко е ова и ептен мајсторски, ама ептен.

Последниот гол на Емилијано Сала

Откако синоќа беше извлечено од каналот Ла Манш, денеска стигна и официјална потврда дека телото кое беше пронајдено заедно со потонатиот авион е на аргентинскиот напаѓач кој загина на 21 јануари. Ова е неговиот последен гол во животот. За жал.

Лабаво со Салах за време на снимање реклама

Секогаш кога ќе утне некој цел гол од 7 метри должина и 2 метри висина, нека го ѕирне видеово на Салах и нека фати да вежба прецизност. Инаку тука Салах не носи копачки и е на снимање реклама за Пепси. Каква левица.

Каков погубен податок за Тотенхем

Да навиваш за Тотенхем во англиско, ти е исто како да навиваш за Валенсија во шпанско или Фиорентина во италијанско. Да моли човек за трофеј, а не дека се ова лоши екипи, туку напротив, баш се симпатични и често им прават бељи на екипите од прв ешалон.

Коментаториште!

Купот на Јужна Америка за играчи до 20 години се игра во Чиле. На мечот меѓу Венецуела и Бразил (2-0), при водство на првиве од 1-0, 18-годишниот Хан Хуртадо тргнал во брза контра по една украдена топка. Коментаторот на аргентинската телевизија TyC Sports имитираше звуци од формула.

Ти на мене ќе ми глумиш Нејмар

Деветкава зема да дрибла карпа човек. Иако има конституција како за кошаркар или ракометар, внимавајте добро како ќе му врати. Колку ќе беше штета ако не го уснимеа.

Падна гол после најдолга комбинација, а не е Сити ниту Барса

Минатото коло во Бундеслига падна можеби најтикитака голот на сезоната. Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах го нокаутираа Шалке на гости во последните пет минути. На вториот гол кој во 90’ минута го постигна Флоријан Нојхас му претходеше 61 додавање.

Теоријата дека Роналдињо би бил уште погенијален ако го решел проблемот со забите

Стоматолози и експерти на темата тврдат дека Бразилецот имал потешкотии со дишењето поради што не можел да пружи максимум од својата издржливост на теренот. Тој одбивал операција затоа што таа ќе го одвоела од фудбалот на подолго време.

Кога ќе легне волеј нема зима

Пријателска во Анталија меѓу данскиот Хобро и Шахтјор Доњецк. Микел Педерсен го отвора резултатот со страшен волеј.

Не сакам автограм од првиот голман на Интер, сакам од третиот

На Самир Хандановиќ, првиот голман на Интер и Даниеле Падели, неговата резерва на клупата им пришло едно дете кое барало автограм од третиот голман Томазо Берни за кој малку кој слушнал.