Виетнамска фудбалска лига. Играат Хаи Пхонг - СХБ Да Нанг. Мечот завршил 1-1, а чудо е и како воопшто завршил ако се погледне какви погубни стартови имало.
Кога дојде од Хрватска, кога успеа да стане капитен, па уште и да влезе во историјата на сицилијанскиот клуб. На македонскиот голгетер му беа потребни само три сезони да влезе во друштво на најдобрите 10 стрелци на Палермо. Респект.
Норвешката прва лига ни го носи најчудесното и најсреќното расчистување од гол линија. Како успеа ова да го изведе фудбалеров веројатно ни сам не знае. Ова во некое финале да се случи, неколку инфаркти може да има во публика.
Марко Верати е метро и желба за растење, 165 см има, ама за ова не треба да имаш висина, туку мозок и умешност. Погледнете каков курназ излезе, двајца не можеа да му ја земат. Плус тука имаш и тегнење, држење за рака, ама џабе.
Во период кога веќе тешко е да се следат сите медиумски написи за тој колку пари нуди за македонскиот бисер и каде ќе ја продолжи кариерата, тој постигна гол во големото турско дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај кое заврши 1:1. Одлично се снајде во шеснаесетник 19 годишниот репрезентативец на Македонија.
Серијата на капитенот на Палермо и голгетерот на Македонија не престанува. Овој пат жртва е ланскиот довчерашниот прволигаш Беневенто против кој Палермо поведе на гости во 42-ва минута. 12-ти погодок сезонава за Нестогол. Мајстор е со тоа левицата.
За време на мечот Јени Малатјаспор - Аланјаспор, Абубакар Камара, шпицот позајмен од Фулам во Малатјаспор при резултат 1-0 ја сруши физиката и сите нејзини закони. Гостите брзо потоа израмнија на 1-1.
Во големото дерби на втората македонска лига меѓу Тиквеш и Вардар Неготино, домашните славеа со високи 4-0, а момент на мечот беше чудесниот гол на Андреј Лазаров кој прими една топка надвор од шеснаесетникот и направи дар-мар пред голот на Иванов.
После поразот од 5:0 против Баерн, многумина мислеа дека Дортмунд ја изгуби шампионската трка. Во 29' коло од Бундеслигата, Борусија го пречека Мајнц и едвај го совлада со 2-1 со головите на чудесниот Жадон Санчо. Ама најзаслужен за трите бода е голманот Роман Бурки кој во 87' минута со три чудесни одбрани го сочува водството.
Со два гола, еден со глава и еден од пенал, Ибрахимовиќ беше творец на триумфот на ЛА Галакси над Филаделфија од 2:0. Сега после 4 меча Ибра има 6 гола.
Манчестер Јунајтед загуби дома од Барселона на првиот четвртфинален дуел од ЛШ, ама мајка му на Лукаку не беше загрижена за поразот на нејзиниот син. Она идолот си го начека.
12 април 2000-та година. Фрајбург - Баерн Минхен конечни 1:2. На неколку минути пред крајот на мечот се случи едно од најгрдите навивачки потези спрема играч на сред натпревар. 16 годишен пилиштар без осет го погоди Оливер Кан во глава.
Сме виделе сè и сешто од дриблинзи и финти пред гол. Го гледаш ова и очекуваш кроз нозе, дриблинг или можеби некој лоб, арно ама мечов меѓу ветерани во Аргентина отвора нови видици во фудбалот.
Тројца фудбалери кои синоќа постигнаа вкупно 6 гола во Лига Европа биле дел од Бенфика или од школата и тоа воопшто не е случајно. Абе каква школа, ова е институција. Тука дете да запишеш на фудбал ќе ти го врати човек и тоа оформен кој нема само да мисли на топка и да стане врвен играч, туку и за книга ќе се фати.
Јапонските фудбалери одамна станаа важен дел од европскиот фудбал, а германската Бундеслига отиде чекор понапред и ја зграби азиската популарност. Ниту еден клуб нема поголем азиски шмек од Фортуна Дизелдорф.
Фудбалскиот клуб Марсеј утрово преку социјалните мрежи му честитал 29-ти роденден на бекот Хироки Сакаи, само што наместо стандардното јапонско знаме, го ставиле јапонското империјално знаме (1867 - 1945) користено во Втората Светска војна. Со ваквиот потег ги навредиле Кина и двете Кореи.
19-годишниот Жоао Феликс е главна ѕвезда на четвртфиналето во Лига Европа. Просто сам го совлада Ајнтрахт (4:2) со три гола и асистенција за 53 минути игра.
Откако видел за каков талент станува збор, гигантот за спортска опрема решил да го „капариса“ малиот Јусуфа Мукоко кој постигнал 106 гола на 67 меча за младинците на Дортмунд.
Еден фанатик на Ривер Плејт решил да ја овековечи големата победа над Бока Јуниорс во финалето на Копа Либертадорес одиграно со реванш на „Сантијаго Бернабеу“, така што на ногата го истетовирал QR кодот кој ако го скенирате на смартфонот ќе ви ги покаже головите од големото финале.
Една од најтешките и најненаблагодарни задачи во фудбалот во денешно време е да го чуваш Азар. Нема дечково кога ќе тргне мозок ќе ти испие. Ама ќе го удвоиме. Абе какво удвојување, џабе ќе се потите со него.
Со три гола и една асистенција на Жоао Феликс, најбараниот млад играч во Европа во моментов, Бенфика го победи Ајнтрахт и му ја прекина серијата од дури 14 меча без пораз.
„Топџиите“ водат 2-0 на полувреме против Наполи во четвртфиналето на Лига Европа. Првиот гол кој го даде Арон Рамзи беше после фантастична акција од неколку потези.
На Интернет има зналци за секоја област. Од селектори до аптекари и кондуктери. Така еден Марко на голот на Џенгиз Ундер од Рома коментирал: „Ова и ја ќе го дадам, што е толку тешко“? Рома го поканила, го земала од дома и го донела на стадионот „Олимпико“ да покаже дека и он би го дал истиот гол.