Во 29 коло од Ла Лига на мечот Реал Мадрид - Уеска имаше големо изненадување откако на теренот се најде 20-годишниот Лука Зидан, син на тренерот на домашниот тим.
Вториот меч од полуфиналето на португалскиот куп меѓу Брага и Порто заврши 1-1 и клубот од „Драго“ со вкупни 1-4 оди во финале. Во еден момент од средбата Макси Переира ринтна еден играч на Брага со цела снага и не доби ни жолт картон.
Шкодран Мустафи, роден во гостиварско, неколку години игра за Германија и за Арсенал. На мечот против Њукасл во Премиер лига имаше кратка епизода „од Мустафи преку Меси до Мустафи“.
Во германскиот фудбал е бурно време. Рајнхард Гриндел, довчерашниот претседател на Германскиот фудбалски сојуз (DFB), кој го водеше сојузот од 2016-та, дал оставка поради корупциски скандал.
По фантастичната серија од 10 меча без пораз, Милан нешто зашкрипи со формата. Порази од Интер и Сампдорија, па скромни 1:1 дома со Удинезе. Голот за реми на гостите од контра како од учебниците. Шах мат во три потези и одличен гол на Кевин Лазања. Внимавајте на моментот како сам си ја намести на волеј и тоа во трк.
На младинскиот турнир Future Champions во ЈАР, младинците на Спартак Москва и Орландо Пајретс играле 1:1 па се отишло на пенали. А таму Русинот Влад Шитов и голманот Блејк Франзен имаа интересна дешавка.
Само што го изругавме малион од Јувентус У19 и ете уште едно аматерско изведување на корнер. Овој пат дело на Жоао Мутињо од Вулверхемптон на дуелот против Манчестер Јунајтед. Трагедија од нафрлување или додавање, што и да му беше намерата.
Во топ листата на стрелци во Ла Лига, кај Меси треба да има една посебна графа со голови од слободни удари, Па кога и да отвори човек хајлајтс на Барселона каде тој е стрелец, има гол од слободен удар.
Игра за еден од најдобрите клубови во светот, а нема ни трошка таблоидни амбиции и прчења за додатни пари и слава. Него му е најважно семејството со кое едвај преживеал, а сон му било да стане фудбалер. Од куршумите го спасил татко му со помош на топка.
Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски го игра најдобриот фудбал во кариерата, благодарение на најдобриот тренер со кој работел досега. Марсело „Ел Локо“ Бјелса сигурно го води Лидс кон Премиер лигата, а убавата игра ја имаше и претходно со Чиле.
После толку многу битки, мегдани, трофеи и титули, речиси ретко кој да го памети првиот меѓусебен дуел меѓу двајцата сигурно најголеми тенисери во историјата.
Дриблерот на денот ни доаѓа од Обединети Арапски Емирати. Ја прими на средина и после како да ви кажеме, соло акција која мислиш ќе продолжи до паркинг. Тоа со голманот е нешто невидено. Греота е овој што не игра во некој силен европски клуб.
Во овој завршен и деликатен период кога ќе се кршат копјата во Лига на шампиони, Масимилијано Алегри е во непријатна ситуација со повредени играчи. Ако прогнозиве со точни среќа што му се враќаат набрзо, а во каква форма ќе бидат тоа ќе видиме.
Легендарниот француски напаѓач ќе биде запаметен како извонреден играч, а истовремено катастрофален тренер на Монако. Имаше 104 дневна тренерска авантура за која нема човек со здрав разум кој би жалел, туку би рекол сакам пак.
Во саботата Хадерсфилд и дефинитивно ги изгуби сите шанси за спас во Премиер лигата, откако изгуби на гостувањето кај Кристал Палас. После 2008-ма година и Дерби, ова е најбрзо испаѓање во Чемпионшип - уште во април.
Страстите по градското дерби Барселона - Еспањол уште не се стишија. Лионел Меси речиси никогаш не бара дрес, но од него бара секој жив на теренот. По саботното дерби поради тоа навивачите на Еспањол му се сипаа на едно од своите деца.
Мислевме дека вакви страшни мангупарии има само на футсал, ама го запознавме Ихор Жураковски од естонскиот второлигаш Левадиа Талин и ни разјасни некои работи. Капа доле дечко, ниту Меси, ниту Роналдо, само Ихор може вака.
Се вика Мамаду Сене игра за Јувентус У19 и возраста никако ама никако не може да му биде оправдање за ова што го направи, бидејќи ова го прават деца од 2 години. Плус игра за Јуве. Извини дете ама ова е најлошиот корнер што сме го виделе до сега.
На едно објавено видео на социјалните мрежи се гледа како 25-годишниот голман на Евертон и Англија се наоѓа во центарот на една тепачка пред ноќен клуб. Тој наводно се спречкал со некои гости во ноќен клуб во Сандерленд. Од управата на Евертон соопштија дека го истражуваат инцидентот.
Во декемврискиот меч со Барселона, легендата на Селта Виго, Јаго Аспас доживеа повреда на задната ложа и отсуствуваше два месеци од теренот. За тоа време Селта изгуби 9 од 11 средби и падна во зоната за испаѓање од лига.
Ма што на колото, на сезоната. Стефано Окака го отвори резултатот на мечот Удинезе - Џенова, а Роландо Мандрагора во 61’ минута го постигна најубавиот погодок во досегашниот тек од италијанското првенство за 2:0.
Фалкао и Рикардињо се асоцијација за футсал. Првиот е пензиониран, ама тоа не значи дека не оди повеќе по сали. Го гледаш видеово и ти е непријатно за овие од жив ѕид. После голов требаше да напуштат. Реално.