Фудбал

Фудбалска лакрдија во Боливија заврши со 17 црвени картони

Во Јужна Америка имаат невидена страст за фудбал, ама и многу краток фитиљ. Исходот од четвртфиналниот натпревар од Купот на Боливија помеѓу Реал Оруро и Блуминг брои неверојатни 17 црвени картони. По завршувањето на мечот се степаа играчите, тренерите и членовите на стручниот штаб.

Фото на денот од ЛШ

Фабио Капело, Алесандро Костакурта, Паоло Ди Канио и Горан Пандев, плус двајца водители. Друштвото што Скај Спорт го бара да анализира натпревари во Лига на шампиони. Тоа е тоа, ако на некој уште не му е доволно јасно, колку почитувана величина имаме во светскиот фудбал и 15 години после историската тројна круна со Интер.

Магијата во сала на 11 години, на тинејџерот кој стигна до Баерн

Клипов во 2019-та со дете од Анјтрахт Франкфурт У-11, стана вирален на интернет. Кој е малиот? Ленарт Карл. Во 2022-ра стана дел од академијата на Баерн. Летово дебитираше за прв тим на Светското клупско првенство, а оваа сезона има 15 настапи, како и по 2 гола во Бундеслига и ЛШ. Со 17 години и 242 дена, стана најмлад стрелец на Баварците, надминувајќи во Мусиала. Ова ремек дело наговестуваше дека нешто доаѓа.

Утринските ритуали на Марадона на Светското 1994

На Мундијалот во САД, кој не го доигра поради суспензија за користење кокаин, Диего имал 34 години. Погледнете колку работел од сабајле на себе. И тоа со индивидаулни тренинзи, башка на терен со репрезентација.

Модриќ: Би се плашел да го посакам и запишам на хартија, тоа што го остварив со Реал

„После првата проба на списокот на Зрињски во Мостар, ме немаше на список. Отидов под туш, плачев од разочарување и се молев никој да не ме види“.

Супстанца од вештачка трева предизвикувала пад на фудбалски допинг-тест

Норвешки клуб добил една правна битка и сега поучен од искуството бара фудбалската јавност да ги регулира правилниците за анти-допинг тестови.

„Витиња ќе биде следна Златна топка“

ПСЖ и Тотенхем одиграа натпревар за сечиј вкус. Мераклиски дуел со дури 8 гола, на крај ПСЖ славеше 5:3. Тренерот на англискиот состав, Данецот Томас Франк вели дека Португалецот Витиња кој постигна дури три гола и имаше асистенција е најдобар фудбалер од среден ред на светот и дека ќе биде следен добитник на наградата Златна топка.

Навивачите на ПСВ ги испраќаа домаќините дома уште во 85-та, серијата им е загрижувачка

Актуелниот шампион на Англија е непрепознатлив. Четири парчиња изеде дома од Ливерпул, за втор пораз во ЛШ. Во Премиер лига имаа шест пораз. Цела сезона имаа вкупно 9 на 18 меча или попрецизно, 9 порази на последните 12 меча. Од 1954-та не паметат ваква статистика. 

Четири гола на Мбапе, хет-трик за 7 минути

Олимпијакос и Реал Мадрид одиграа спектакуларен натпревар кој уште долго ќе се раскажува. Реал водеше, грчкиот шампион постојано се враќаше. Килијан Мбапе даде 4 гола и влезе на вечната листа ретки мајстори со 4 гола на 1 натпревар во Лига на шампиони. Французинот кој во 2018-та стана светски шампион, синоќа за 7 минути од 22-ра до 29-та постигна три гола на „Караискаки“.

Нема навивач на Манчестер кој не ја памети акцијата од Бербатов

Димитар Бербатов за четири сезони во Манчестер Јунајтед постигна 56 гола. Некои од нив се посебни, како овој на денешен ден пред 15 години. Реткост е играч со број 9, вака да сработи акција. Цела од почеток до крај, па уште и да реализира.

Реал и ПСЖ примија по 3 гола а победија, Арсенал го нокаутираше Баерн Минхен

Неверојатно ефикасен фудбал се играше вечерва во Лига на шампиони. Ливерпул е потопен на свој терен од ПСВ Ајндховен кој му даде 4 гола на „Енфилд Роуд“. Килијан Мбапе сам даде 4 гола против Олимпијакос кој јуначки му одигра на Реал Мадрид. Пари Сен Жермен со 5-3 го совлада Тотенхем а Арсенал докажа дека игра најубав фудбал во моментов.

Тотенхем е на пиадесталот со трол видеа

Кутрите 64 години чекаат титула во Англија. На последниот меч загубија 4:1 од Арсенал, резултат кој се смета за огромен дебакл во градско дерби. Гори нетот после поразот.

Карлос Тевез на улица?

Двојник на легендарниот аргентински фудбалер, во дрес на Бока Јуниорс, омилениот клуб на Карлос Тевез за кој се изнаигра и изнадава голови. Човек стварно да се штукне од памет да го види како ти брише шофершајбна.

Промовиран првиот шпанско–македонски фудбалски речник

Во речникот се претставени сите 20 клуба од Ла Лига. Содржи стручни термини, но и зборови од разговорниот јазик и претставува значаен ресурс за фудбалерите, тренерите и сите спортски работници. 

Пеп откри зошто изгубиле дома од Леверкузен

Баер Леверкузен направи големо изненадување откако го совлада Манчестер Сити кој до синоќа победил дури 12 натпревари по ред против германски противници. Со головите на Алехандро Грималдо во 23-та минута и Патрик Шик во 54-та, Леверкузен славеше 0-2. Пеп Гвардиола откри зошто изгубиле

Дортмунд промаши два пенали на ист натпревар првпат после '97-ма

На 5-ти ноември 1997-ма година Борусија Дортмунд во групна фаза од Лига на шампиони ја победила Парма 2-0 со два гола на Андреас Милер. На тој натпревар младиот 19-годишен Џиџи Буфон им фатил два пенали на Германците, на Шапуиза и на Милер. Синоќа Борусија Дортмунд со 4-0 го совлада Виљареал во Лига на шампиони и пак промашија 2 пенали на еден ист натпревар, првпат после цели 28 години.

Голема утка на Торес на Стемфорд Бриџ

Барселона си замина од Лондон со убедлив пораз од 3:0. Уште во 5-та минута од стартот на мечот, ја имаа шансата на вечерта, која беше чиста како солза за 0:1. Но, на Торес нишанот му беше тотално изместен.

Не ти е глупо во ЛШ да глумиш вака?

Дарил Бакола од Марсеј (во Пештани има еден Бакуле, бивши фудбалер), уште на 17 години не ја учи лекцијата како што треба. На мечот против Њукасл, на голема сцена наречена ЛШ, паѓа од контакт со воздухот. Треба една рубрика да им отвориме на овие.

Другар, ова е потешко да го промашиш

Имаме нов сериозен кандидат со клип од Австралија, кој ќе влезе во најтесна конкуренција за промашување на сезоната. Нереално е како му успеа ова.

Навивачите на Челси го навредуваа Ламин Јамал

Во духот на англиските фудбалски стадиони каде од трибините секогаш се навредуваат ривалските играчи, така навивачите на Челси синоќа додека нивниот тим ја испегла Барселона 3:0 му викаа на Ламин Јамал: „You're just a shit Estevao“ односно „Ти си срање верзија на Естевао“, нивниот фудбалер од Бразил Естевао.

Од Лига на шампиони се селиме во Новаци

Мартин Андоновски од Новаци, го има голчиштето на неделата и месецот во македонската втора лига, на мечот против Шкендија Арачиново. Ваков слободен удар нема да видите во ЛШ цела сезона. Балонка.

Баер го освои Етихад, Барселона декласирана на Стемфорд Бриџ

Големи победи за Баер Леверкузен и Челси во 5. коло од Лига на шампиони, кои ги совладаа Манчестер Сити и Барселона. Јувентус губеше од Бодо Глимт, но стигна до трите бода во 91-ва минута. Наполитанците ја оправдаа фаворитската улога против Карабах. 15 минути за Елмас.

Топ 5 мундијалски голови на големиот Марадона

На денешен ден, пред 5 години замина еден од симболите на фудбалската игра, Диего Армандо Марадона, човекот кој ќе остане поим за фудбал. Играше на четири Мундијали: Шпанија 1982, каде стигна до 2. коло, Мексико 1986, кој го освои, Италија 1990 кој го загуби во финале и САД 1994, каде беше суспендиран поради кокаин. Беше посебен талент. Му се лепеше топката.